ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
Азурен Брег - Велигден 2019

1 ден 26.04.2019

Состанок на групата во 10:00 часот од Нова пошта во Штип. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 27.04.2019 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови.Разглед на градот со локален стручен водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Сместување во хотел. Слободно време.Во попладневните часови посета на шопинг центар.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови.Сместување во хотел. Во попладневните часови разглед и прошека низ стариот дел на Ница со локален стручен водич: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 КАН-ЕЗ-МОНТЕ КАРЛО

Појадок. Следи целодневен факултативен излет до Кан,Ез,Монте Карло.Пристигнување во Кан,разглед и прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако со стручен водич: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 30.04.2019 НИЦА-ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Одјавување од хотел.Патуваме кон Венеција со попатни паузи.Пристигнување во Пунта Сабионе,(факултативно), поаѓање со брод за Венеција.Патниците кои нема да бидат пријавени за посета на Венеција ке бидат оставени во Лидо Ди Јесоло и во договорено време и место ќе ја чекаат останатата група од разглед.Разглед на Венеција со локален водич:плоштадот и црквата Сан Марко,мостот на воздишките,Дуждевата палата,мостот Риалто,каналот Гранде. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 01.05.2019

Пристигнување во Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.900 мкд.

Промотивна цена за уплата до 31.01.2019-10.900 мкд.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок-Hotel Ibis Style-Settala 3* https://www.accorhotels.com/gb/hotel-9890-ibis-styles-milano-est-settala/index.shtml
  • сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок-Hotel Azurea 3*
  • https://www.hotel-azurea.com/fr/
  • разглед на Милано, Ница со локален стручен водич
  • посета на шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Организиран трансфер од:

  • Штип во 10:00-кај Нова пошта(стадион)
  • Велес во 10:30-на кружен кај бензинска Макпетрол
  • Скопје во 11:15-кај Хотел Вип(саем)
  • Струмица во 08:30-на бензинска Макпетрол(кружен)
  • Радовиш во 08:50-на бензинска Лукоил-(Еми Петрол)
  • Кочани во 09.15-кај Судот

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€-задолжително во агенција
  • посета на Кан, Ез, Монако и Монте Карло– 30€
  • туристичка такса во Милано (3€ по лице на ден)-задолжително
  • туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден)-задолжително
  • посета на Венеција(карта за брод,разглед со локален водич)- 15€
  • влезници за културно историски споменици, музеи
  • билети за јавен превоз

 

Напомена:Рок на пријавување до 19.04.2019 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;
  • цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на т.А.Црво Експрес.