1 ден (29.12.2019 - недела) Штип - Белград Состанок на групата во 23:00 часот пред Нова пошта во Штип и тргнување за Белград. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден (30.12.2019 - понеделник) Белград Пристигнување во Белград– панорамски разглед на градот со локален водич…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки во центарот на Белград и уживање во предновогодишната атмосфера во градот со богата музичка програма на плоштадот или во дискотека/кафана. Факултативно посета на ресторан или сплав со музика-(предновогодишна загарантирана забава). Индивидуална забава на плоштад со познати музички имиња:Сара Јо,Мили, Сендах,Цоби,Раста,МЦ Стојан... Ноќевање.
3 ден (31.12.2019 - вторник) Белград - Нови Сад (факултативно) Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…Во попладневните часови – враќање во Белград…Подготовка за дочек на Нова Година на плоштад или факултативно во ресторан. Индивидуална забава на плоштад со познати музички звезди:Маја Берович,звезда на вечерта-Лепа Брена,Кики и Пилоти... Ноќевање.
4 ден (01.01.2020 - среда) Белград - ШтипПојадок. По појадокот – одјавување од хотелот, слободно време . Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Штип.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Опис на хотелот: Хотелот Југославија 3* е сместен на десната обала на Дунав, поглед на Ушче, реката Сава и Дунав.Хотелот е отворен во 1967 година и е еден од најпопуларните хотели во бивша Југославија, хотелот повторно е отворен во 2013 година каде добива категорија 3*.Во хотело има неколку ресторани, казино, кафич, бутик, располага со 132 соби, рецепција која работи 24 часа.Во близина на хотелот има автобуска постројка која води до центарот на Белград, до Аеродромот и др.
Општи напомени:
Може да се патува и само со лична карта Рок на пријавување до 20.12.2019 година.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес
Среќни празници и среќна Нова 2020 година Ви посакува Т.А.ЦРВО ЕКСПРЕС-Штип.