САРАЕВО - Нова Година 2019

Дoчек на 2019 на плoштад со Хари Мата Хари
(Сараево-Коњиц-Мостар-Дрвенград-Златибор)

Сараево е главен град на Босна,каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители,бурна историја. Сараево е град на 14 Олимписки игри (1984 год.). Денес во Сараево има синагога,џамии, православни и католички цркви-град со 4 религии што е реткост во светот.

Прoграма на патувањето:

29.12.2018. Поаѓање во 19.00 часот од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, Србија, ноќно возење со попатни одмори.

30.12.2018. Пристигнување во Сараево во утринските часови.Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа,Латинска чуприја,одиме до пешачката зона каде има катердала и православна црква,Гази Хусрефбегова џамија ,Башчаршија,мостовите...Слободно време за прошетка низ Башчаршија.Смесување во хотел и краток одмор.Слободно време. Вечерта (индивидуално) предновогодишна забава на плоштадот во Сараево со млади сараевски бендови и дел од програмата ќе настапуваат Музичката академија на Сараево.Предновогодишна забава,вечера (факултативно) во популарната Сараевска пивница ,,HS‘‘ со комплетно мени,жива музика и загарантирана забава. Враќање во хотел. Ноќевање.

31.12.2018. Појадок.По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар.Попатно пауза во Коњиц каде факултативно се посетува познатиот Титов бункер со локален водич-(патниците кои нема да бидат пријавени за посета на бункерот имаат слободно време во Коњиц)Продолжуваме кон Мостар,пристигнување,разглед на градот: стариот мост,кулата Калебија,кулата Херцегуша, крива чуприја...Слободно време за прошетка низ старата мостарска чаршија која се наоѓа на левата страна на реката Неретва.Во попладневните часови враќање за Сараево.Враќање во хотел. Факултативно Дочек на Новата 2018 година на плоштадот во Сараево со разни музички изведби,забава со мегапопуларниот Хари Мата Хари. Ноќевање.

01.01.2019. Појадок.По појадокот напуштање на хотелот.Заминуваме кон Мокра Гора,посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Кустурица.Слободно време.Продолжуваме за Златибор, слободно време за прошетка низ центарот,прекрасната природа и парковите,многубројните кафани со традиционална кујна...
Враќање за Македонија,возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

Цена: 5.950 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево - www.hotelholiday.ba
  • -разгледување на Сараевo со локален стручен водич
  • -лиценциран придружник на групата
  • -разглед и посета на Дрвенград
  • -разглед и посета на Златибор

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осугрување(задолжително) - 100 денари
  • -посета на Титовиот бункер - 10 евра
  • -полудневен излет до Мостар и разглед - 15 евра
  • -влезници за културно историските споменици
  • -предновогодишна вечера и посета на Сараевска пивница,,HS‘‘ -25 евра -(наша препорака)
    (задолжителна резервација во агенција)
    (комплено мени ,салата,главно јадење,десерт)-жива музика со познати јавни пејачи

Пивницата ,,HS‘‘ е на 1100 m2 ,има повеќе од 400 места но поради преголем интерес во интересниот амбиент задожително е предвремена резервација за сигурност,места во објектот кој нуди загарантирана забава.

Опис на хотелот: Хотел Холидеј 4* е еден во групацијата на хотели Еуропе Груп која датира од 1882 година,хотелот се наоѓа во срцето на Сараево на непосредна близина од плоштадот каде се оддржува новогодишната забава од кој хотел на свечен и величествен начин се дочекува Новата година со огромен огномет(чувство кое треба да се доживее),располага со 10 спрата и околу 380 модерно уредени соби.Сите соби се климатизирани со ТВ,минибар,вц, купатило со када и туш кабина,фен за коса,крпи за хигиена, сателитска програма,бесплатен интернет.Хотелот располага со аператив бар,слаткарница,лоби бар,затворен базен,фитнес центар, фризерски салон,сауна,спа центар, конгрес центар,најмодерна визуелно и аудио опрема за конгреси и презентации,голем паркинг простор,рентакар,тобако шоп...

Напомена: Рок на пријавување до 23.12.2018 година.

Важноста на патната исправа е лична обврска, важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес