ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
Венеција
(11ти октомври 2019)

Верона,Трст,Постојска Јама

Прoграма на патувањето:

10.10.2019 (четврток) - Штип-Венеција
Поаѓање на групата од Штип пред Нова Пошта во 15:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

11.10.2019 (петок) - Венеција - Лидо Ди Јесоло
Пристигнување во Венеција. Факултативна посета на Венеција-(доколку некој од патниците не ја користи оваа посета ќе мора да ја чека групата на договорено место и време).Поаѓање со брод за Венеција. Пристигнување и разглед на градот со локален стручен водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде.Сместување во хотел во Лидо Dи Јесоло, познато летувалиште во близина на Венеција. Ноќевање

12.10.2019 (сабота) - Лидо Ди Јесоло-Верона
Појадок. Факултативна посета за Верона,разглед на градот со локален стручен водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори,Арената,куќата на Јулија...Слободно време за прошетка низ центарот на градот.Посета на шопинг центар,слободно време. Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

13.10.2019 (недела) - Трст - Постојна
Појадок.Напуштање на хотелот.Пауза во Трст, индивидуална кратка пауза. Факултативна посета на Постојска Јама околу 13:00 часот, разглед, слободно време. Патуваме кон Македонија.

14.10.2019 (Понеделник) - Штип
Пристигнување во Штип

Цена:5.550 денари.

Промотивна цена за уплата до 14.09.2019 година - 5.550 мкд.

Промотивна цена за уплата до 20.09.2019 година - 5.900 мкд.

Промотивна цена за уплата до 05.10.2019 година - 6.500 мкд.

Во цената се вклучени следниве услуги

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо ди Јесоло
  • Разглед на Трст, индивидуална пауза
  • Организација и водство на патување (пратител на групата)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • посета на Венеција - 15 евра (превоз, брод, разглед, водич)
  • посета на Верона - 20 евра-(превоз, разглед ,водич)
  • посета на Постојнска Јама - 25 евра (превоз, влезница, аудио водич)
  • хотелска туристичка такса 1,5 евра од ден (задолжително)
  • влезници за посета на локалитетите
  • здравствено и патничко осигурување(задолжително)-180 денари

 

Напомена:Рок на пријавување до 05.10.2019 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници,за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

Доплати:

  • -Доплата за одбирање на ред на седење во автобус (согласно слободните места во моментот на резервација) - 10€ (по особа)
  • -Доплата за дополнително седиште во автобус - 75€

Тргнување од:

  • Штип во 14:00-кај Нова пошта(стадион)
  • Велес во 14:30-на кружен кај бензинска Макпетрол
  • Скопје во 15:15-кај Хотел Вип(саем)
  • Струмица во 12:30-на бензинска Макпетрол(кружен)
  • Радовиш во 12:50-на бензинска Лукоил-(Еми Петрол)
  • Кочани во 13.15-кај Судот

 

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;
  • цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.А.Црво Експрес.