Белград

18.06.2021 – 20.06.2021 / 3 дена / 2 ноќевања со појадок

Прoграма на патувањето:

1 ДЕН (18.06.2021 –петок): ШТИП-БЕЛГРАД
Состанок на групата во 00:30 часот пред Нова пошта во Штип и поаѓање за Белград. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови– панорамски разглед на градот со туристички водич (придружник) од агенцијата…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки во центарот на Белград и уживање во градот. Ноќевање.

2 ДЕН (19.06.2021 – сабота): БЕЛГРАД – НОВИ САД (ФАКУЛТАТИВНО)
Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина… Во попладневните часови – враќање во Белград. Индивидуално посета на трговскиот центар Ушче, посета на шопинг центар Галерија на води во познатата елитна населба Београд на води. Вракање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (20.06.2021 – недела): БЕЛГРАД – ШТИП
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Македонија. Попатна пауза за ручек (индивидуално) во Хотел Бавка во Лесковац. Пристигнување во Штип.

Цена на аранжманот: 65 € ( 4.030 денари).

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -превоз со туристички автобус
  • -2 ноќевања со појадок во хотел Славија 2* во Белград
  • -разгледување на Белград со туристички водич од агенцијата
  • -организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -посета на Нови Сад – 10 евра – пријавување при резервација
  • -туристичка такса 1,5 евра од ноќевање-или 2 х 1,50 = 3 евра -(задолжително)

 

Известување:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.