Будва-Острог

14.08.2021 - 15.08.2021

Прoграма на патувањето:

13.08.2021 Поаѓање во 20.30 часот од Кочани кај судот, во 21.00 часот од Нова Пошта-Штип.Поаѓање од Струмица во 20.00 на бензинската Лукоил, во 20.15 на Лукоил на бензинска, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

14.08.2021 Пристигнување во Будва во утринските часови, пауза за фотографирање на прекрасната панорама на Будва и Св.Стефан. Слободно време за прошетка низ стариот дел на градот и центарот.Заминување за Манастирот Св.Василие Острошки, сместен на високо масивен карпест дел кое представува најголемо Црногорско светилиште а секако и најпосетуван манастир на Балканот (основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василие Острошки се чудотворни а се наоѓаат во Горниот Манастир). Вечерна служба во Горниот манастир во 17:00 часот(индивидуално). Сместување и ноќевање во манасирскиот двор(во манастирот се добиваат душек и кебиња) или во манстирските конаци (во Горниот или долниот манастир во повеќе креветни соби 8 или 10 кревети). Посетителите кои ќе ноќеваат во Долниот манастир потребно е да се сместат до 21 часот каде ќе преноќат. Ноќевање.

15.08.2021 Наутро поаѓање кон Подгорица. Кратка пауза во центарот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија.

Цена: 1.600 денари. - за тргнување од Кочани

Цена: 1.500 денари. - за тргнување од Штип

Цена: 1.600 денари. - за тргнување од Радовиш

Цена: 1.700 денари. - за тргнување од Струмица

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување на база 1 ноќевање(по избор)
  • -посета на манастирот Св.Василије Острошки
  • -посета на Будва и Св.Стефан(панорамски)
  • -организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осигурување(задолжително)-100 денари
  • -превоз од Долниот до Горниот Манастир Острошки-повратна 2 €
  • -ноќевање во долниот манастир во конаците(5 евра-се плаќа во конакот)-резервација во агенција
  • -влезници за културно историските споменици
  • -туристичка такса за посета на Острошки(2 евра по лице-задолжително)

 

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.

Известување:
може да се патува со валидна биометриска лична карта.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.