БЕЛГРАД-МАНАСТИР ТУМАНЕ
Прослава на Манастир Тумане

21.08.2021 –22.08.2021 / 2 дена / 1 ноќевање со појадок

Прoграма на патувањето:

1 ДЕН (21.08.2021 –петок): ШТИП-ТУМАНЕ Состанок на групата во 01:00 часот пред Нова пошта во Штип и поаѓање за Манастирот Тумане. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување на прославата и собирот на 75 годишнина од упокоение на Св.Јаков. Прослава во Манастирот Тумане и празникот на Св.Зосима и Јакова, во 08:30 свечена литургија, во 10:00 славенички колачи и празнично послужување, после 11:00 часот духовни предавања и културно уметничка програма. Во 15:00 заминуваме за Белград. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Белград и уживање во градот. Ноќевање.

2 ДЕН (22.08.2021 – недела): БЕЛГРАД –ШТИП Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со туристички водич (придружник) од агенцијата…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Штип.

Цена на аранжманот: 54 € ( 3.350 денари).

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -превоз со туристички автобус
  • -1 ноќевање со појадок во хотел во Белград
  • -водство и организација на програмата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -туристичка такса 2 евра од ноќевање -(задолжително)

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.