Будва – Нова Година 2023

31.12.2022-дочек на Новата 2023 година со Џибони, Констракта, Дубиоза Колектив

01.01.2023-забава на плоштадот во Будва со Сара Јо, Сендах, Дино Мерлин

30.12.2022. Поаѓање во 22.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку  Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

31.12.2022. Пристигнување во Будва. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера, пропратени со разни звуци во стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално).Смесување во хотел. Вечерта  предвидена новогодишна забава на плоштадот во Будва со познати музички звезди. Забава и дочек на новата 2023 година на плоштад (индивидуално)со Џибони, Констракта, Дубиоза Колектив или дочек во некои од рестораните или ноќните клубови. Ноќевање.

01.01.2023. Заминување за факултативно  излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од Дубровник, можност за уживање на  прекрасната филхармонија на плоштадот во Дубровник, дегустација на морска храна и вино. Вракање кон Будва. Забава на плоштад  (индивидуално) со познатите звезди Сара Јо, Сендах, Дино Мерлин. Ноќевање.

02.01.2023. Напуштање на хотелот. Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, прошетка низ стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици, катердалата Св.Трифун, познатите цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија. Возење со попатни паузи.

03.01.2023. Пристигнување во Македонија.

Цена: 99 €- 6.140 денари.(Хотел SKYPRIME  3*-Будва)

За уплата до 20.11.2022 година дозволен попуст-цена 88 € или 5.460 мкд. по особа

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување на база 2 ноќевања во Будва - https://www.hotelskyprime.com/
  • организација и водство на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • здравствено патничко осигурување
  • туристичка такса хотелска(задолжително)-2,50 евра од ден=5 евра
  • целодневен излет до Дубровник -30 €
  • излет и посета на Котор-10 €
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомена –за пакет факултативи-(Дубровник и Котор)-цена со попуст 35 €

Опис на хотелот:

Хотел  Skyprime  3* се наоѓа во Будва на 700 метри од популарната Словенска плажа. Хотелот има сезонски базен, паркинг, ресторан, тераса со добра панорама, рецепција 24/7, собите располагаат со тв, гардеробер, клима уред, фрижидер, балкон, сопствено вц, фен за коса, апартмани со кујна,  wi-fi  бесплатно.

Напомена: Рок на пријавување до 23.12.2022 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

Важноста на патната исправа е лична обврска,важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.

Среќни празници и среќна Нова 2023 година Ви посакува Т.А.ЦРВО ЕКСПРЕС-Штип.