Велигден 2023 во Италија-Швајцарија

Милано-Џенова-Outlet Serravalle-Лугано-Комо-Сирмионе
13.04.2023 -17.04.2023

Прoграма на патувањето:

Прв ден – 13.04.2023 (четврток)

Состанок на групата кај Нова пошта во Штип во 12:00, поаѓање за Италија, дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 14.04.2023 (петок)

Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со професионален лиценциран водич: Sforcesco Cаstle ,,Pizza de Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот ДУОМО – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Трет ден – 15.04.2023 (сабота)

Појадок. По појадокот факултативна посета на Џенова (ако некои од патниците на ја корисат оваа факултатива остануваат  во хотел или се шетаат индивидуално без обврска на организаторот).  Џенова е исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова било град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта на оваа република, Дуомо со катедралата Сам Лоренцо од 13 век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Serravalle, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден – 16.04.2023 (недела)

Појадок. Напуштање на хотелот (цела група), (ако некои од патниците на ја корисат оваа факултатива се оставаат на договорено место во Милано а по предвидените разгледи  на остатакот од групата се качуваат  во доцните попладневни часови ).  Факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo,  големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Во договорено време поаѓање за Македонија. Поаѓање према градот Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Во договорено време поаѓање за Македонија. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија…

Петти ден – 17.04.2023 (понеделник)

Пристигнување во Штип.

ЦЕНА: 176 € / 10.900 ден.

За уплата до 28.02.2023 година дозволен попуст-цена 165 € или 10.230 мкд. по особа

Во цената на аранжманот е вклучено:
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околина на Милано-https://www.hotel-regal.it/ 4*
– автобуски превоз на наведената релација

– разглед на Милано со водич
– посета на Сирмионе, Лаго Ди Гарда
– организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– разглед на Џенова и  Outlet Serravalle- 30 €
– посета на Лугано и Комо – 45 €
– патничко осигурување (250 ден)
– Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 € по лице од ден (се плаќа за време на патувањето)


Напомена –за пакет факултативи-( Џенова,Outlet Serravalle, Лугано и Комо)-цена со попуст 70 €

 

Напомена: Рок на пријавување до 05.04.2023 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум  45 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

Доплати:

-Доплата за избор на седење во автобус (согласно слободните места во моментот на резервација) – 25 € (по особа)

-Доплата за дополнително седиште во автобус – 75€

 

Општи напомени:

-Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;

-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;

-целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;

-цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот;

-Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес