БУДВА - Нова Година 2018

Дочек на Новата 2018 во Будва
Будва-Дубровник-Св.Василие Острошки
Дочек на 2018 со Горан Брегович и Бјело Дугме
Хотел Александар 4*-Будванска ривијера

Прoграма на патувањето:

29.12.2017. Поаѓање во 21.00 часот од Нова Пошта-Штип,патуваме преку Косово,Албанија,ноќно возење со попатни одмори.

30.12.2017. Патуваме дирекно за Манастирот Св.Василие Острошки,сместен на високо масивен карпест дел кое представува најголемо Црногорско светилиште а секако и најпосетуван манастир на Балканот(основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василие Острошки се чудотворни а се наоѓаат во Горниот Манастир).Пристигнување во Будва во попладневните часови. Смесување во хотел и краток одмор. Вечерта (индивидуално) предновогодишна забава во стариот дел од градот со популарниот Бајага и Инструктори.Ноќевање.

31.12.2017. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера,пропратени со разни звуци во стариот дел од градот,можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва(индивидуално). Вечерта предвидена забава на плоштадот во Будва.Дочек на Новата 2018 година на плоштад (индивидуално).Забавата почнува со познатиот бенд од Белград ,,Queen real tribute,,големи љубители на Британскиот рок бенд ,,Queen,,дочек на новата година и забава со Горан Брегович и Бјело Дугме со кој состав ќе не забавуваат познатите Младен Војичич-Тифа и Ален Исламович. Ноќевање.

01.01.2018. Заминување за факултативно целодневен излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од Дубровник,можност за уживање на прекрасната филхармонија на плоштадот во Дубровник,дегустација на морска храна и вино.Тргнување за Македонија.Ноќно возење со попатни паузи.

02.01.2018. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Цена:4.900 денари.

(Хотел АЛЕКСАНДАР 4*-Будва)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување на база 2 ноќевања во Будва -Хотел Александар 4* http://www.hgbudvanskarivijera.com/
  • -целодневен излет до Св.Василије Острошки
  • -организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осигурување(задолжително)-180 денари
  • -туристичка такса хотелска(задолжително)-2 евра од ден
  • -целодневен излет до Дубровник -10 €
  • -превоз од Долниот до Горниот Манастир Острошки-повратна 2-3 €
  • -туристичка такса за посета на Острошки-(2 евра по лице-задолжително)
  • -влезници за културно историските споменици

Опис на хотелот: Хотел Александар 4* се наоѓа во комплексот на познатата Будванска ривијера на словенска плажа во Будва,на околу 20 метри од плажа,на околу 15 мин.пешки одење до стариот град во Будва.Хотелот има околу 187 соби, собите располагаат со тв,гардеробер, клима уред, фрижидер,балкон,вц,wi-fi.

Тргнување од:

  • -Прилеп во 18:40-бензинска Лукоил
  • -Кавадарци во 19:30-плоштад(центар)
  • -Неготино во 19:40-плоштад пред Стоковна
  • -Штип во 21:00-кај Нова пошта(стадион)
  • -Велес во 21:30-на кружен кај бензинска Макпетрол
  • -Скопје во 22:15-кај Хотел Вип(саем)
  • -Струмица во 19:30-на бензинска Макпетрол(кружен)
  • -Радовиш во 20:00-на бензинска Еми Петрол

Напомена: Рок на пријавување до 23.12.2017 година.
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници,за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

Важноста на патната исправа е лична обврска, важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.