Велигден во Љубљана-2018

Постојнска Јама, Трст, Блед, Клагенфурт

Прoграма на патувањето:

05. април (Четврток) Состанок на групата на паркингот спроти Стадионот кај Нова пошта во 16.00 часот во Штип. Поаѓање за Љубљана.Патуваме преку граничниот премин Tабановце, Србија и Хрватска, со попатни паузи и царински формалности.Ноќно возење.

06. април (Петок)Пристигнување во Љубљана во утринските часови,разглед на градот со локален стручен водич: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

07. април (Сабота)Појадок. Патуваме кон Блед,факулатативна посета на Блед - бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Клагенфурт -Аустриа. Индивидуална прошетка низ центарот и посета на најпосетуваниот шопинг центар City Arkaden, слободно време за шопинг. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

08. април (Недела)Појадок.Факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст,разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња,каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст,слободно време.Поаѓање за Македонија. Ноќно возење.

09. април (Понеделник) Пристигнување во Штип

Цена:7.770 денари.

Во цената се вклучени следниве услуги

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Љубљана- www.radissonblu.com
  • Разгледи на Љубљана со стручен водич
  • Организација и водство на патување (пратител на групата)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • посета на Постојнска Јама(Трст) - 30 евра (превоз, влезница, аудио водич)
  • посета на Блед и Клагегенфурт- 20 евра-(превоз,панорамски разглед ,водич)
  • можност за пловидба со чамец по Бледското езеро
  • влезници за посета на локалитетите
  • туристичка такса за хотел во Љубљана 1,50 евра на ден.-(задолжително)
  • здравствено и патничко осигурување(задолжително)-180 денари

 

Опис на хотелот: Хотелот Радисон Блу Плаза 4* се наоѓа во срцето во строгиот центар на Љубљана,близу значајни деловни простории,трговски дуќани,до автопатор Н3,модерен хотел кој располага со 237 комфорни комплетно опремени соби, стандард,луксузни,модерни апартмани. Хотелот располага со 2 ресторани,7 конференциски сали,сала за појадок,сала за бизнис ручек или вечера,сала за забава или свадби,wi-fi бесплатено во целиот хотел...

 

Напомена:Рок на пријавување до 30.03.2018 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници,за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

Забелешка:за факултативната посета на Постојнска Јама и Трст напоменуваме дека патниците кои несакаат да ја посетат Постојна и Трст ќе бидат оставени во Љубљана и во договорено време ќе бидат земени за патување кон Македонија.

 

Важноста на патната исправа е лична обврска,важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на т.А.Црво Експрес