ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
ДРАКУЛА ТУРА

ДРАКУЛА ТУРА (Трансилванија – Романија)

Прoграма на патувањето:

1 ден.(08.03.2018).Состанок на групата во 16:00 Поаѓање од Кочани кај Судот со туристички автобус. Ноќно патување преку Бугарија.

2 ден. (09.03.2018).Во предпладневните часови пристигнување во Букурешт главен град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Париз„ поради неговата раскошна убавина. Панорамски разглед на градот, од плоштадот Унири до палатата на Победата и потоа разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Палатата Кантакузино (седиште на романските композитори), Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста), Сенатот (на плоштадот на ревулуцијата) каде излегуваме од автобус и се запознаваме со настаните што се случиле за врема на Чаушеску. Продолжуваме со панорамскиот разглед: Националниот музеј за историја, Палата ЧЕК (национална штедилница), Домот на Армијата и др. Панорамски разглед на Парламентот (најдолемиот парламент во светот).Посета на Патриаршијата и Kurtija Veke-архитектонскиот комплекс во најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Цепеш – Дракула.Поаѓање за Јаши.Сместување во хотел.Ноќевање.

3 ден. (10.03.2018).Појадок.Посета на храмот каде се наоѓаат моштите на Св.Параскева (Св.Петка), нејзините мошти се наоѓаат во црквата а низ вековите биле пренесувани:во Цариград,во Трново,пак во Цариград,па во Белград,се верува дека моштите чудотворно ги лекуваат болните.Заминуваме кон Трансилванија.Почнува приказната за Дракула…. Посета на замокот Бран (познат како замокот на ДРАКУЛА) од XIV век во кој 1462г. се случило едно предавство и во него бил заробен Дракула. Патувањето продолжува до градот БРАШОВ, централно југо-источна Трансилванија, град кој представува музеј на отворено (заштитен од УНЕСКО). Разглед со водич во срцето на стариот Саски (старо-германски град) по можност посета на познатата црна Црква од XIVвек (Biserica Neagra) најголема готска црква во југоисточна европа. Посета на градскиот плоштад Свнтулуј и слободно време. Сместување во хотел.Ноќевање.

4 ден. (11.03.2018).Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на кралскиот дворец Пелеш од 1873 година, најубавиот и најмодерниот дворец во Европа го изградил КАРОЛ I со потекло од германскиот град Зигмаринген, како своја кралска летна резиденција. Поаѓање за езерото Снагов до истоимениот остров, на кој се наоѓа истоимениот манастир кој Дракула го реизградил во 1456г. каде се наоѓа гробот на Дракула.Поаѓање за Македонија во попладневните часови.Пристигнување во Кочани во утринските часови.

Цена:6.900 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување во хотел со 3*на база 1 ноќевање со појадок во Јаши
  • -сместување во хотел со 3*на база 1 ноќевање со појадок во Брашов или Букурешт -организација на патувањето, туристички водичи

Во цената не е вклучено:

  • -посета на замокот Пелеш-8 евра
  • -посета на замокот Бран(Дракула)-15 евра

Цената е формирана за минимум 40 патници.

Со програмата важат општите услови за патување на – Црво Експрес-Штип.