Нова Година со
Црво Експрес
ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
САРАЕВО - Нова Година 2018

Дoчек на 2018 на плoштад сo Здравкo Чoлич
(Сараевo-Мoстар-Дрвенград-Врњачка бања)

Сараево е главен град на Босна,каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители,бурна историја. Сараево е град на 14 Олимписки игри (1984 год.). Денес во Сараево има синагога,џамии, православни и католички цркви-град со 4 религии што е реткост во светот.

Прoграма на патувањето:

29.12.2017. Поаѓање во 21.00 часот од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, Србија, ноќно возење со попатни одмори.

30.12.2017. Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градска куќа, Латинска чуприја, одиме до пешачката зона каде има катедрала и православна црква, Гази Хусрефбеговата џамија, Башчаршија, мостовите... Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Сместување во хотел и краток одмор. Слбодно време. Вечерта (индивидуално) предновогодишна забава на плоштадот во Сараевo со млади сараевски бендови и дел од програмата ќе настапуваат Музичката академија на Сараево. Ноќевање

31.12.2017. Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Мостар. Попатно пауза во Благај, каде патниците може да уживаат во изворите на реката Буна, најголемиот извор во Европа, каде се наоѓа прочуената суфиска текија. Пристигнување во Мостар, разглед на градот: стариот мост, кулата Калебија, кулата Херцегуша, крива чуприја... Слободно време за прошетка низ старата мостарска чаршија која се наоѓа на левата страна на реката Неретва. Во попладневните часови враќање во Сараевo. Враќање во хотел. Факултативно Дочек на Новата 2018 година на плоштадот во Сараево со разни музички изведби и легендарниот Здравкo Чoлич. Ноќевање.

01.01.2018. Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминуваме кон Мокра Гора, посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Продолжуваме кон Врњачка бања, најпознатото бањско летувалиште во Србија. Панорамски разглед на градот, слободно време за прошетка низ центарот, прекрасните паркови, многубројните кафани со традиционална кујна...
Враќање за Македонија, возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија.

Цена: 5.950 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево - www.hotelholiday.ba (fully booked) и http://www.hotelsaraj.com
  • -разгледување на Сараевo со локален стручен водич
  • -лиценциран придружник на групата
  • -разглед и посета на Дрвенград
  • -разглед и посета на Врњачка бања

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осугрување(задолжително) - 100 денари
  • -полудневен излет до Мостар и разглед - 10 евра
  • -влезници за културно историските споменици

Опис на хотелот: Хотел Холидеј 4* е еден во групацијата на хотели Еуропе Груп која датира од 1882 година, хотелот се наоѓа во срцето на Сараевo на непосредна близина од плоштадот, располага со 10 спрата и околу 380 модерно уредени соби. Сите соби се климатизирани со ТВ, минибар, вц, купатило со када и туш кабина, фен за коса, крпи за хигиена, сателитска програма, бесплатен интернет. Хотелот располага со аператив бар, слаткарница, лоби бар, затворен базен, фитнес центар, фризерски салон, сауна, спа центар, конгрес центар, најмодерна визуелно и аудио опрема за конгреси и презентации, голем паркинг простор, рентакар, тобако шоп...

Напомена: Рок на пријавување до 23.12.2017 година.

Важноста на патната исправа е лична обврска, важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес