Нова Година со
Црво Експрес
ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
Будимпешта,Виена - Нова Година 2018

Нова-2018 во Будимпешта,Виена

Прoграма на патувањето:

29.12.2017. Поаѓање во 14.00 часот од Македонија,патуваме преку Србија,ноќно возење со попатни одмори.

30.12.2017. Пристигнување во Будимпешта во утринските часови,разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа-Будим:Цитаделата,Тврдината на Кралските Палати,Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др,Пешта:Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи,црквата Св.Стефан,мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел.Слободно време.Крстарење со брод по Дунав(факултативно).Ноќевање.

31.01.2017. Појадок.Разглед на Сент Андреа (факултативно) со локален туристички водич каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби,кое е богато со голем број винотеки,рибни ресторани,музеи,галерии и цркви.Слободно време.Пауза во шопинг центар Тропикариум (факултативно) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни,аквариум со ајкули и разен морски свет,чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна.Враќање во хотелот.Дочек на Новата 2018 година на плоштад во Будимпешта со разни музички изведби.Ноќевање.

01.01.2018. Појадок.По појадокот целодневен факултативен излет до Виена.Разглед на градот со водич:плоштадот Рингштрасе,палатата Хофбург,Парламентот,дворецот Белведере,Виенската опера,катердалата Св.Стефан,Шенбрун(панорамски),шарената куќа Хундервасер...Слободно време низ центарот на Виена. Враќање за Македонија преку Будимпешта,Белград.Ноќно возење со попатни паузи.

02.01.2018. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Цена:6.660 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта http://www.hotelberlin.hu/
  • -разгледување на Будимпешта со локален стручен водич
  • -лиценциран придружник на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осигурување(задолжително)-180 денари
  • -полудневен разглед на Сент Андреа-10 евра
  • -крстарење по Дунав со водич-15 евра
  • -целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич-25 евра
  • -влезница за Тропикариум(групна)-10 евра
  • -влезници за културно историските споменици

Опис на хотелот: Хотелот Берлин 3* има 106 соби кои се климатизирани,имаат тв,бања,крпи,wi-fi.Хотелот е на 4 км.од центарот на Буда во Будимпешта,секогаш пријателски расположени менаџери,хигиената е одлична,ресторанот нуди одлична храна со капацитет за 160 гости.

Тргнување од:

  • -Прилеп во 11:40-бензинска Лукоил
  • -Кавадарци во 12:30-плоштад(центар)
  • -Неготино во 12:40-плоштад пред Стоковна
  • -Штип во 14:00-кај Нова пошта(стадион)
  • -Велес во 14:30-на кружен кај бензинска Макпетрол
  • -Скопје во 15:15-кај Хотел Вип(саем)
  • -Струмица во 12:30-на бензинска Макпетрол(кружен)
  • -Радовиш во 13:00-на бензинска Еми Петрол

Напомена: Рок на пријавување до 23.12.2017 година.
Напомена::лицата кои нема да го користат целодневниот излет во Виена остануваат индивидуално во Будимпешта а ќе ги земеме на догореното место околу полноќ

Важноста на патната исправа е лична обврска, важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.