ПАТУВАЈТЕ СО НАСМЕВКА И СТИЛ
Wonder Sport Camp

Интернационален летен спортски камп
“WONDER SPORT CAMP”
Од 23.06 до 29.06.2018 – Калела, Шпанија

Понуда

Организатори:
“Wonder Sport Camp” Туристичка агенција “Fortuni Viatges” – Шпанија

Калела е крајбрежен град во Коста дел Маресме, 40 км североисточно од Барселона, во Каталонија, Шпанија. Калела е град со повеќе од 650 години историја, околу 3 км долги песочни плажи и кристално чиста вода. Најдолгата плажа на Маресме областа, благата клима и големиот избор на сместување ја прави Калела идеална дестинација за незаборавен одмор.

Wonder Sport Camp е вистинскиот избор за активните луѓе. Ви нудиме совршен спој за активен спортски одмор под сонцето. Во Wonder Sport Camp се се врти околу спортот, вежбањето и многуте активности во понудата ќе ви го разубават прекрасното патување. Не треба да сте добри во спорт или во одлична кондиција – само треба да сакате да ни се приклучите. Ви гарантираме незаборавни иксуства, на терен, на плажа или каде и да одберете да уживате во најдобриот активен спортски одмор.

10 добри причини за Вашиот следен одмор со Wonder Sport Camp:

  1.  Најдоброто место за одмор за љубителите на спортот
  2.  Искусни и професионални тренери
  3.  Секогаш најдобрите спортски капацитети
  4.  Wonder Sport Camp е за сите, независно од возраста и способноста
  5.  Многу повеќе од спорт и вежбање
  6.  Погрижете се за своето тело и душа
  7.  Забава за целото семејство
  8.  Почувствувајте ја уникатната атмосфера
  9.  Одлични временски услови во текот на целата година
  10.  Инспирација и енергија за живот по Вашиот одмор

Општи Правила: Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на нашиот тим. Забавниот дел од програмата им дава можност на сите кампери да се релаксираат, уживаат, да стекнуваат нови пријателства, да стекнат поголема самодоверба и да работат на подобрување на своите јазични вештини.

Летниот спортски камп ви нуди можност да пробате многу нови активности и да напредувате во разни спортови како пливање, аеробик, зумба, одбојка на плажа и многу други активности.

Активности на Кампот:

  • Турнир во одбојка на плажа
  • Поздрави го сонцето – Зумба на плажа
  • Забава на плажа
  • Возење велосипед
  • Мал маратон во трчање
  • Караоке
  • Водени лудории (Wipeout)
  • Потрага по богатство

Активности надвор од кампот:

  • Разглед на Барселона (Саграда Фамилија,
  • Парк Гауди, Аквариум, Магични фонтани)
  • Камп Ноу
  • Фламенго Вечер
  • Монсерат

Дополнителни спортови: Со претходна најава може да се обезбедат терени за:

  • Тенис
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Олимписки базен
  • Друго ...

Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата игра на повисоко ниво.

Турнирот во Одбојка на Плажа ќе биде организиран на плажата во Калела со подршка од општината и на него може да земат учество полупрофесионални и рекреативни одбојкарски клубови, тимови и сите заинтересирани кампери. Правилата за турнирот ќе бидат испратени на сите учесници по регистрацијата.

Од камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите. Камперите треба да бидат посветени, професионални и искрени.

Секој учесник ќе добие диплома за учество на кампот, пехари и медали за најдобрите кампери и многу други изненадувања.

Сместување: Учесниците на кампот ќе бидат сместени во хотел со 3*** на само 250 метри од плажа. Сместувањето е во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. За групи, клубови, тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.

Внимание: Според законот на Каталонија (1.11.2012), туристичка такса се плаќа за првите 6 дена од престојувањето во хотелот и плаќањето се прави директно во хотелот. Хотели 1* 2* 3* - 0.5 ЕУР по лице од ден (само за гости постари од 16 год.)

Начин на плаќање:
Партиципација за кампот: Период 23/06 – 29/06/2018 = 299 Евра по лице
Доколку некој од учесниците сакаат да бидат сместени во двокреветна соба се доплаќа:= 4 Евра по лице на ден. Цената вклучува сместување во хотел со 3 *** за 6 ноќевања на база полн пансион, појадок – ручек - вечера (шведска маса), трошоци за организација, спортска опрема, програма со спортски и забавни активности, учество на турнирот по одбојка на плажа и професионални тренери.

Опрема и Облека:

  • Учесниците мора да бидат облечени во лесна спортска облека соодветна за активностите
  • За секој учесник има обезбедено маичка

Осигурување и безбедност:
Секој кампер мора да поседува валидно здравствено осигурување кое покрива секаков вид на незгода. Доктор е достапен 24 часа.

Нашиот искусен тим на тренери ви стои на располагање за времетраење на кампот и ќе ви помогне да го поминете најдобриот одмор досега.

Транспорт:
Wonder Sport Camp организира авионски и автобуски превоз до кампот во Шпанија. Автобуски превоз до кампот во Шпанија ќе се организира доколку има минимум 30 кампери и ќе вклучува попатни посети на атрактивни локации.

Цената за автобуски превоз со вклучени три ноќевања во Франција, Италија и Хрватска (со појадок) = 215 ЕУР по лице

Програма на патувањето со автобуски превоз:

1 Ден – 20.06 - Македонија
17:00 Состанок со групата.
17:30 Поаѓање кон Италија и ноќно возење. Скопје – Белград – Загреб – Венеција.

  • Доколку се испочитува минималниот број на патници, организаторот ќе организира
    поаѓање и од други градови од Македонија.

2 Ден – 21.06 - Венеција
Пристигнување претпладне. Факултативна посета на Венеција со брод (Плоштадот с. Марко, мостот Риалто, Големиот канал и др.).
Сместување во хотел и ноќевање.

3 Ден – 22.06 - Верона
Појадок. По појадокот поаѓање за Верона и разглед на нејзините знаменитости.
Продолжување на патувањето кон Калела. Ноќно возење.

4 Ден – 23.06 - Калела
Пристигнување предпладне и сместување во Хотел. Ручек, вечера, бјаснување на основните правила и кратко запознавање со градот и програмата на kампот. Ноќевање.

4-10 Ден – Wonder Sport Camp – Калела 2018 – 23.06 – 29.06
Појадок, ручек, вечера – Шведска маса.
Спортски и забавни активности согласно програмата исполнети со многу dружење со различни учесници од повеќе европски држави.
Факултативни посети на Барселона: Катедралата Саграда Фамилија, Аквариум, Магични
Фонтани, Камп Ноу, Парк Гуељ, панорамски разглед на градот и др.

10 Ден – 29.06 - Калела – Кан – Ница
Појадок и припрема за враќање. Го користиме и последниот ден за активности и плажа и вечерта се припремаме за ноќно возење.

11 Ден – 30.06 - Кан – Ница
08:00 Пристигнување во Кан. Разглед на градот и поаѓање кон Ница.
14:00 Сместување во хотел и разглед на Ница.
19:00 Поаѓање кон Монако и Монте Карло, разглед и околу полноќ назад во хотел во Ница.
Ноќевање.

12 Ден – 01.07 - Милано
Појадок и поаѓање за Милано. Повеќечасовен разглед на Милано. Вечерно патување за Опатија – Хрватска.

13 Ден – 02.07 Опатија
Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел, можност за плажа и одмор.
Ноќевање.

14 Ден – 03.07 – Плитвички Езера – Македонија
Појадок. После појадокот поаѓање кон преубавите Плитвички езера. Разглед и релаксација во преубавата природа. Ноќно возење кон Македонија (Загреб – Белград – Скопје).

15 Ден – 04.07 – Пристигнување во Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

Авионски превоз:
WizzAir авио компанијата оперира со директни летови на релација Скопје – Барселона - Скопје. Учесниците можат самостојно или со помош на Wonder Sport Camp тимот да набават авионски карти за превоз до кампот во Шпанија.
Трансфер од аеродром: За поединци, спортски клубови и тимови кои пристигнуваат на аеродромот во Барселона, Wonder Sport Camp може да организира трансфер од аердором до Калела и назад. Цената за трансферот изнесува 650 еур за автобус за група од над 25 членови во двата правца, додека за поединци е 32 еур по лице во двата правца.

Како да се пријавите:
Побарајте и пополнете ја апликацијата од организаторот и испратете ја на е-маил најкасно до 30 Април 2018.

  • За поединци: Копија од пасош треба да се достави заедно со апликацијата.
  • За групи: Заедно со апликацијата треба да се достави список на сите учесници со датум на раѓање и број на пасош.
ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАТЕ: Ќе добиете известување по е-маил потврда за вашата регистрација. Целосната програма со детални информации ќе биде испратена по 1 ви Jуни 2018.

КОНТАКТ:
Веб страна: www.wondersportcamp.com
Дејан Брзанов, Директор
Е-маил: dejanbrzanov@gmail.com
Моб: ++389 70 359747
Марко Ристески, Спортски Директор
Е-маил: mar.risteski@gmail.com
Моб: ++389 71 854868
Оддел за комуникации:
Зоран Ристески
+389 78 370 338
Е-маил:
zoran_risteski@yahoo.com