ПОЧУСТВУВАЈ ЈА ЕНЕРГИЈАТА НА ШПАНИЈА

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Сместување во Лорет де Мар: “Hotel Don Juan 4*” располага со 2 надворешни базени,простор за одмор и детски базен. Оддалечен од центарот на градот Лорет де Мар на само 100 метри. Собите се со сопствено купатило, клима уред и сателитска ТВ. Има комплетна забавна програма за сите возрасти. Собата за игри вклучува маса за билјард, пинг- понг и има тениско игралиште на лице место. Гостите можат да се релаксираат во ТВ-собата.

Хотелот нуди и широк спектар на дневни и ноќни активности. Сите оброци се служат во ресторанот Нива, украсен со јапонски градини и нуди широк спектар на медитеранско и шоу готвење во стил на шведска маса. Исто така постои и бар услуга покрај базенот.

Сместување во Малграт де Мар: “Hotel Sorra d’Or 3″* се наоѓа на првата линија до море, веднаш спроти прекрасната песочна плажа, и на само неколку минути пешачење од центарот на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен со лежалки и бар покрај базенот, како и тераса за одмор и релаксација.

Собите се удобни и опремени со сопствено купатило, клима уред и сателитска телевизија. Во склоп на хотелот има и ресторан кој нуди оброци во стил на шведска маса со избор од локална и интернационална кујна, како и шоу готвење.

Гостите можат да уживаат во дневна и вечерна забавна програма, наменета за сите возрасти. Хотелот нуди и активности како пинг-понг, билијард и изнајмување велосипеди. Благодарение на неговата одлична локација и услуга, хотелот е идеален избор за семеен и релаксиран одмор на брегот на Коста Брава.

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!

07.09.2025 Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

08.09.2025 Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*) Ноќевање

09.09.2025 Појадок и поаѓање кон Верона Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење

10.09.2025 Пристигнување во Лорет де Мар и сместување во хотел со 4* и Малграт де Мар и сместување во хотел со 3* Лорет де Мар е едно од најтренди места на Коста Брава на само 70 км од Барселона. Големи песочни плажи, забава за млади и уживање во локалните ресторани. Град во кој без разлика на возраста секој има каде да се пронајде. Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - Шведска маса.

10.09.2025 - 16.09.2025 Престој во Don Juan Hotel 4* - Loret de Mar и Hotel Sorra d'Or 3* - Malgrat de Mar 16.09.2025После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3* Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили. Ноќевање

17.09.2025 Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.

18.09.2025 Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Во цената е вклучено: -Организација на патувањето и водич -Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима) -1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло -6 полу пансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Лорет де Мар и Малграт де Мар во дво и трокреветни соби -1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*) -Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло

Во цената не е вклучено:
-Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари -Доплата за еднокреветна соба = 400 еур по лице / за 8 ноќевања во хотел според програмата -Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување Општи напомени:
-Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип; -Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот; -целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот; -цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд; -За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника; -За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот; -Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот; -Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот; -Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите; -За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата; -Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата; -Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Т.А. Црко Експрес - Штип

Контактирајте нѐ