БУДИМПЕШТА И БЕЛГРАД

(10.10.2024 – 13.10.2024) ​

Цена: 7.750 мкд.

Опис

10.10.2024. Поаѓање во 16.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.

11.10.2024. Пристигнување во Будимпешта во утринските часови, разгледување на Будимпешта со водич и тоа-Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др, Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел. Слободно време. Крстарење со брод по Дунав(факултативно). Ноќевање.

12.10.2024. Појадок. По појадокот пауза во шопинг центар Тропикариум (факултативно) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни, аквариум со ајкули и разен морски свет, чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна, слободно време. Посета на улицата Ваци, слободно време за уживање и шопинг. Вракање во хотел. Ноќевање.

13.10.2024. Појадок. По појадокот враќање за Македонија, попатна пауза во Белград, прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, слободно време, возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
– разгледување на Будимпешта со локален стручен водич
– лиценциран придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– здравствено патничко осигурување
– посета на шопинг центар, влезница за Тропикариум(групна)-20 евра
– крстарење по Дунав со водич-25 евра
– туристичка такса за сместување во Будимпешта (2,50 € по ден по особа=5 € ) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
– влезници за културно историските споменици

НАПОМЕНА:
Рок на пријавување до 04.10.2024 година. Патниците кои нема да го посетат Тропикариум и шопинг центарот остануваат слободни во хотелот и на договорено време во попладневните часови се земаат од хотелот за посета на центарот и Божикниот базар.