Велигден во Северна Италија – Трст, Милано, Верона, Сирмионе, Лаго Ди Гарда, Венеција

Цена:  179 11.100 мкд.

Опис

17.04.2025 (четврток) – [tip

►Поаѓање на групата од [tip pred Nova Po{ta во 14:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење

18.04.2025 (петок) Трст – шопинг- Лидо Ди Јесоло

►Пристигнување во Трст, слободно време за разглед и прошетка. Заминуваме во Designer Outlet Noventa di Piave, слободно време за шопинг. Продолжуваме за Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел во центарот на Лидо Ди Јесоло. Слободно време. Ноќевање.

19.04.2025 (сабота) -Милано

►Појадок. Заминуваме кон факултативна посета на Милано-град познат по Европската мода. (Патниците кои нема да ја користат оваа услуга остануваат во хотел индивудуално и не се одговорност на агенцијата).Разглед на градот Милано со водич- Прошетка по Миланската Скала, Катердалата, Галеријата Виториа Евангелие, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

20.04.2025 (недела) – Верона -Сирмионе-Верона

►Појадок. Заминуваме за  Верона, -(патниците кои нема да ја користат оваа услуга остануваат во хотел индивудуално и не се одговорност на агенцијата). Посета  на  Верона, разглед на градот со водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, куќата на Јулија… Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Поаѓање према градот Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град  Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Скалиѓери, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина.  Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.
21.04.2025 (понеделник) – Венеција  

►Појадок. Напуштање на хотелот. Пристигнување во Венеција. Факултативна посета на Венеција-(доколку некој од патниците не ја користи оваа посета ќе мора да ја чека групата на договорено место и време во Лидо Ди Јесоло). Поаѓање со брод за Венеција. Пристигнување и разглед на градот со водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде. Во попладневните часови патуваме кон Македонија. Дневно и ноќно возење со прдвидени паузи.
22.04.2025 (вторник) -Штип
► Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

-3 ноќевања со појадок во хотел 3* во центарот на Лидо Ди Јесоло

https://www.hotelportofino.it/
-разглед и посета на Трст
-Организација и водство на патување (пратител на групата)

Во цената не се вклучени следниве услуги:
-посета на Венеција  30 evra-(prevoz, брод, разглед, vodi~)
-посета на Милано 40 evra-(prevoz, разглед, vodi~)

-посета на Верона со Сирмионе, езерото Лаго Ди Гарда  30 evra-(prevoz, разглед, vodi~)

-хотелска туристичка такса  3,33  evra од  ден (3,33 х 3 дена = 10  евра)-(задолжително)
-влезници за посета на локалитетите
-здравственоипатничкоосигурување

Напомена:

-патниците кои ќе ги користат сите 3 факултативи и таксата имаат попуст од агенцијата

-(100 по особа)-паќет комплетен

Напомена: Рок на пријавување до 05.04.2025 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум  45 патници,за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

Напомена:

-Патниците кои нема да одат во Милано, Верона,Сирмионе, Лаго Ди Гарда, Венеција остануваат слободни во хотелот и Туристичката агенција нема одговорност кон нив.

 

 

Поаѓање од:

-Штип во 14:00-кај Нова пошта(стадион)

-Велес во 14:30-на кружен кај бензинска Макпетрол

-Скопје во 15:15-кај Хотел Континентал(постројка)

-Струмица  во 12:45-на бензинска Лукоил—–доплата 300 мкд.(особа)

-Радовиш во 13:05-на бензинска Лукоил——доплата 200 мкд.(особа)

-Кочани во 13.00-кај Судот——-доплата 200 мкд.(особа)

 

Општи напомени:

-Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;

-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;

-целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;

-цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот;

-Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Т.А. Црво Експрес – Штип