Венеција + (Верона, Сирмионе, Лаго Ди Гарда) 05.11.2026-09.11.2026

05.11.2026-09.11.2026

Цена:  125 7.750 мкд.

Опис

05.11.2026 (четврток) – Штип-Венеција

► Поаѓање во 14:00 часот од Штип, поаѓање од Скопје во 14:50 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

06.11.2026 (петок) – Венеција-Лидо Ди Јесоло

► Пристигнување во Венеција. Факултативна посета на Венеција-(доколку некој од патниците не ја користи оваа посета ќе мора да ја чека групата на договорено место и време). Поаѓање со брод за Венеција. Пристигнување и разглед на градот со туристички водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде. Сместување во хотел во Лидо Ди Јесоло, познато летувалиште во близина на Венеција. Ноќевање.

07.11.2026 (сабота) – Лидо Ди Јесоло-Верона-Сирмионе со езерото Лаго Ди Гарда

► Појадок. Факултативна посета за Верона, (доколку некој од патниците не ја користи оваа посета останува во хотел и не е обврска на агенцијата), разглед на градот Верона со туристички водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, (влез во дворот на куќата на Јулија се плаќа 5 евра-треба резервација онлајн индивидуално)… Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Поаѓање према градот Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

08.11.2026 (недела) – Outlet centar

► Појадок. Напуштање на хотелот. Пауза за шопинг Outlet centar, слободно време. Патуваме кон Македонија.

09.11.2026 (понеделник) – Штип

► Пристигнување во претпладневните часови во Штип.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло;
  • Индивидуална пауза во Outlet центар;
  • Организација и водство на патувањето (пратител на групата).

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Посета на Венеција – 45 евра (превоз, брод, разглед, водич и туристичка такса);
  • Посета на Верона, Сирмионе и езерото Лаго ди Гарда – 35 евра (превоз, разглед и водич);
  • Хотелска туристичка такса – 5 евра по лице на ден × 2 дена = 10 евра (задолжително);
  • Влезници за посета на локалитетите;
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.

Напомена:

Рокот за пријавување е до 31.10.2026 година.

За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници, додека за реализација на факултативните излети потребни се минимум 25 патници.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА „Црво Експрес“ – Штип;
  • Резервацијата се потврдува со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосната уплата на аранжманот треба да биде извршена најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето;
  • Цените на аранжманот се изразени во денари, со пресметковен курс 1 евро = 62 МКД;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 пријавени патници;
  • За ова патување потребно е да поседувате пасош со преостаната важност од минимум 90 дена;
  • Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелското сместување;
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото целосно да го откаже аранжманот, најдоцна 5 дена пред датумот на започнување на патувањето;
  • Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците за локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавни згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни околности, како што се: застој на граничните премини, доцнење на превозот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА „Црво Експрес“ – Штип.