Божиќен базар во Будимпешта (+Белград)

-факултатива-( крстарење по Дунав + Сент Андра + Тропикариум)-

-факултатива-( Божиќен базар во дворецот Шенбрун во Виена)-

Цена: 9.920 мкд.-(160 )

04.12. – 08.12.2026

Опис

04.12.2026. Поаѓање во 16.00 часот од Штип, поаѓање од Скопје во 16:50 часот, патуваме преку Србија, возење со попатни одмории царински формалности, дневно и ноќно возење.

 

05.12.2026. Пристигнување во Будимпешта во утринските часови, разгледување на Будимпешта со туристички водич и тоа-Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др, Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел после 16:00 часот. Слободно време. Крстарење со брод по Дунав (факултативно). Ноќевање.

 

06.12.2026. Појадок. Факултатива, поаѓање во 09:30 часот. Посета на   шопинг  центар Тропикариум-вклучена влезница (факултативно) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни, аквариум со ајкули и разен морски свет, чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна, слободно време.Потоа факултативно посета на Сент Андреа, место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Враќање во Будимпешта. Посета на најживописниот  божикен базар во Будимпешта, слободно време за уживање и шопинг. Вракање во хотел. Ноќевање.

 

07.12.2026. Појадок. Факултатива, поаѓање во 08:00 часот. Поаѓање за  Виена. Пристигнување во Виена, разглед на градот со туристички водич плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворецот Белведере, Виенската опера, катердалата Св.Стефан,… Кратко слободно време за прошетка центар на Виена, посета на дворецот Шебрун и прекрасниот Божиќен базар, слободно време. Вракање во хотел околу 18:00 часот. Ноќевање.

 

08.12.2026. Појадок. Поаѓање во 08:00 часот. Патуваме за Македонија, попатна пауза во Белград -гратис од агенцијата(без доплата), прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, слободно време околу 2 часа зависно од гужвите на граничните премини, возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел Берлин  3* на база 3 ноќевања со појадок во Будимпешта

https://www.hotelberlin.hu/

-разгледување на Будимпешта со туристички водич -гратис од агенцијата(без доплата)

-посета на Белград-гратис од агенцијата(без доплата)

-лиценциран придружник на групата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување

-посета на Сент Андреа, разглед со водич+ посета на Тропикариум(влезница)=35 евра

-крстарење по Дунав со водич=20 евра

-разглед на Виена  со туристички водич+ Божиќен базар Шенбрун=40 евра

-туристичка такса за сместување во Будимпешта (5 € по ден по особа=15 )-задолжително

-за патниците кои ќе ги користат сите факултативи има одобрен попуст=(100 за сите услуѓи)

-влезници за културно историските споменици во индивидуално време

 

Напомена:

Задолжително уплата на аванс од минимално 3000 мкд. на денот на резервацијата

Рок на пријавување до 29.11.2026 година.

-Патниците кои нема да одат во Сент Андреа и Тропикариумот  остануваат слободни во хотелот и на договорено време во попладневните часови се земаат од хотелот за посета на центарот и Божикниот базар

-Патниците кои нема да одат во Виена остануваат слободни во хотелот и не се обврска на агенцијата тој ден, остануваат со сопствени активности

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.А.Црво Експрес.