Рилски езера – Благоевград

28 септември – (недела)

Цена: 1200,00 мкд.

  

Опис

Седумте Рилски езера се група леднички езера, сместени во северозападниот дел на планината Рила во Бугарија. Тие се најпосетуваната група езера во Бугарија. Езерата се наоѓаат помеѓу 2.100 и 2.500 метри надморска височина. Седумте езера се туристичка знаменитост во Бугарија поради нивната природна средина. Езерата се наоѓаат едно над друго и се поврзани со мали потоци, кои создаваат мали водопади и каскади.

28.09.2025. Тргнување во 04.00 часот од Нова Пошта во Штип. Попатни паузи за цариски формалности.

Пристигнување на паркингот кај жичарата која ве води до почетокот на езерата, патување со жичара, пешачење. Пристигнување кај  Рилските езера и слободно време за индивидуални активности(околу 5 часа), препорачуваме да се носи палто, храна и течности. Се враќаме во 16.00 назад. Заминуваме за Благоевград и слободно време за во Метро. Тргнување за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Штип.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус

-разглед на Рилкиот Манастир, Благоевград

-шопинг во Метро

-организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-карта за жичара-30 лева

Напомена-во случај на лоши временски услови турата ќе се одложи за нареден термин

 

За овој аранжман важат Општите услови на патувањето на Т.А.Црво Експрес-Штип.