Карневал во Венеција (12.02.2026-16.02.2026)
–(гратис разглед на Верона) – (+ Милано,Сирмионе, Лаго Ди Гарда, Венеција)
-поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово
-поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)
Цена: 125 € ——7.750 мкд.
Опис
12.02.2026 (четврток) – Верона
► Поаѓање на групата пред Нова Пошта во 14:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
13.02.2026 (петок) – Верона
► Пристигнување во Верона, посета и разглед на градот (гратис – без доплата) со лиценциран водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, куќата на Јулија…
Слободно време за прошетка низ центарот. Сместување во хотел. Ноќевање.
14.02.2026 (сабота) – Верона – Милано – Сирмионе – Верона
► Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Милано со лиценциран водич – град познат по европската мода. Прошетка по Миланската Скала, Катедралата, Галеријата Виторио Емануеле, слободно време за индивидуални активности.
► Потоа заминување кон Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град сместен на полуостров кој навлегува во езерото Лаго ди Гарда. Познат е по тврдината Сцалигера, тесните улици и живописните куќички.
Враќање во хотел во Верона. Ноќевање.
15.02.2026 (недела) – Венеција
► Појадок. Напуштање на хотелот. Пристигнување во Венеција.
Факултативна посета на Венеција (патниците кои не ја користат оваа опција остануваат во Лидо ди Јесоло).
► Патување со брод до Венеција и разглед со водич: плоштад и црква Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде.
► Потоа посета на Designer Outlet Noventa di Piave – слободно време за шопинг.
Патување кон Македонија.
16.02.2026 (понеделник) – Штип
► Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
-
Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
-
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Верона
-
Разглед на Верона со лиценциран водич (гратис – без доплата)
Организација и водство на патувањето (пратител на групата)
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
-
Посета на Венеција – 45 € (превоз, брод, разглед, водич, туристичка такса)
-
Посета на Милано + Сирмионе + Лаго ди Гарда – 35 € (превоз, разглед, водич)
-
Хотелска туристичка такса – 5 € по ден × 2 = 10 € (задолжително)
-
Влезници за локалитети
Задолжително здравствено и патничко осигурување
НАПОМЕНИ
-
Рок за пријавување: 01.02.2026
-
За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници
За реализација на факултативните посети потребни се минимум 25 патници
Посебни напомени:
-
Патниците кои нема да одат во Милано, Сирмионе и Лаго ди Гарда остануваат слободни во хотелот – агенцијата нема одговорност за нив.
-
Патниците кои нема да одат во Венеција остануваат слободни во Лидо ди Јесоло – агенцијата нема одговорност за нив.





