Убавините на Кападокиа
+ Истанбул –(гратис разглед од агенцијата без доплата)
11.03.2026-17.03.2026
Цена на аранжманот: 220€ /13.640 мкд.
Опис
11 март 2026 (среда) СКОПЈЕ-ШТИП– КАПАДОКИЈА
Состанок на групата кај хотел Континентал во 09:30 ч. Се патува преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
12 март 2026 (четврток) КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу -(гратис од агенцијата). По паузата се упатуваме кон Кападокија. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел. Време за одмор, слободни активности. Факултативна посета на црвената долина со прекрасниот залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe.
13 март 2026 (петок) КАПАДОКИЈА
Појадок. Заминување на факултативен разглед со локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Регионот е исто така познат и по своите ракотворби, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено – Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Пауза за слободни активности. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Предвидена е посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Враќање во хотел. Ноќевање.
14 март 2026 (сабота) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30ч (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно и незаборавно доживување (доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. По појадокот целодневен факултативен разглед со посета на подземниот град Кајмакли еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Разгледот продолжува со посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Можност за кратка пауза за освежување во автентична чајџилница. Пауза за индивидуални активности.
Продолжуваме кон манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Вракање во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
15 март 2026 (недела) КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ
Појадок . По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Истанбул. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
16 март 2026 (понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Панорамски разглед на Истанбул, панорамска обиколка на Долма Бахче Сарај, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Во вечерните часови во договор со групата се упатуваме кон еден од познатите истанбулски шопинг молови. Во вечерните часови се упатуваме према Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
17 март 2026 (вторник) СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје, Штип.
((можност за плаќање на рати, задолжително аванс од 5000 мкд. на денот на резервацијата))
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со туристички автобус на релација Скопје-Штип-Кападокија и обратно
-3 ноќевања со појадок во Хотел во област Кападокиа
-Посета на соленото езеро Туз Ѓолу -(гратис од агенцијата)
-1 ноќевање со појадок во Истанбул во Хотел 3*
– панорамски разглед на Истанбул-(гратис од агенцијата)
-посета на шопинг центар -(гратис од агенцијата)
-придружник – пратител на групата за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на комплетните влезници во Кападокиа (со локален водич) 120 еур
– Летање со балон (трансфер од сместувањето до место на полетување, осигурување од
Капетанијата вклучено во цената)- цена од 240 еура– (задолжително пријава во агенцијата)
– Крстарење по Босфор 20 еур
– Туристичка такса 5 еур од ден по особа=20 еура.
– Задолжително патничко осигурување
За овој аранжман важат Општите услови на Т.А.Црво Експрес-Штип.





