ЦРВО ЕКСПРЕС

ЦРВО ЕКСПРЕС

Историја за постоењето !

Туристичката Агенција "Црво Експрес" е една од најстарите агенции во Македонија. Агенција со долгогодишно работно професионално, успешно и признато искуство.Со работа се занимава уште од далечната 1992 година, а со сопствено претставништво од 1998 година. Формирана е во градот Штип, Р.Македонија и е членка на Стопанската Комора за туризам на Македонија (СКТМ) и претставник на акционерското друштво за осигурување Сава Табак.

Сертификати:

Црво Експрес како туристичка агенција располага со сертификати за професионална компетентност во патниот сообраќај која ја поседува управителот, како и сертификати за проефесионална компетентност во патниот сообраќај која ја имаат сите вработени во агенцијата.

Благодарници и признанија !

Туристичката агенција за време на своето долгогодишно работно искуство има стекнато голем број на благодарници и признанија од областа на туризмот. Овде се наброени само неколку:
  • - Благодарница од радио клуб "Никола Тесла" - Штип за значаен придонес во ширењето на радиоаматерството и остварување на програмски активности;
  • - Благодарница од Борачки клуб "Балканец" - Штип за посебен придонес и развој на борењето;
  • - Благодарница од хуманитарно друштво на крводарители"Светлост-Б"- Штип за хуманитарна крводарителска акција на вработените на туристичката агенција "Црво Експрес"
  • - Признание за успешна соработка и спонзорство од Футсал Турнир ФО мал фудбал "Лето 2011" - Штип...
  • - Диплома за дададениот придонес , успешното негување и презентирање на фестивалот "Истибањско ЗдравоЖиво"
  • - Благодарница за учество и поддршка во реализација на манифестацијата "Штипска Пастрамалијада" 2015

Лиценца "А"

Туристичката Агенција располага со Лиценца "А" која овозможува:
  • - вршење на линиски превоз во внатрешниот патен сообраќај;
  • - вршење на слободен превоз во внатрешниот патен сообраќај;
  • - вршење на линиски превоз во меѓународниот патен сообраќај;
  • - вршење на слободен превоз во меѓународниот патен сообраќај;

Вработени во Т.А.Црво Експрес !

Туристичката Агенција располага со променлив број на вработени во зависност од периодот на годината во кој се наоѓаме како и постојаните вработени. Сите вработени се со високо завршено образование, професионалци во својата работа со долгогодишно работно и многу добро признаено искуство во делот за туризмот.