Хотел "Нимфа - Русалка" - Несебар - Сончев Брег

Хотел “Нимфа Русалка” 2* се наоѓа  на убава локација помеѓу Несебар и Сончев Брег, на првата линија од морето околу 120 м.во близина на Какао Бич. Хотелот располага со 1/2 студиа и 1/2 + 1 дополнително легло, биро, телевизор со сателитска програма , wc, бања, фрижидер, бесплатна клима, интернет(wi-fi), балкон , отворен базен, лоби бар, спортски центар. За гостите има бесплатен чадот и лежалка покрај базенот.

НАПОМЕНА

  • Цените  се дадени по особа на база ноќевање со појадок (ВВ) или нокевање со појадок и вечера(НВ) без вклучен превоз.
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот  капацитет, т.е. број на легла.
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • За сингл соба се доплатува +80% од регуларната цена за сместувањето во хотелот.
  • Превоз од Кавадарци / Неготино / Велес / Овче Поле / Штип.
  • Превоз од Струмица / Радовиш / Штип.
  • Превоз од Штип / Кочани / Виница / Мак.Каменица / Делчево.
  • Превоз од Скопје/ Куманово / Штип.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • Доплата за превоз повратен билет - 60 € за возрасни / 50 € за деца  до 12 год. Деца до 2 год - бесплатно (без седиште).
  • Доплата за превоз билет во еден правец - 50 € за возрасни / 40 € за деца  до 12 год. Деца до 2 год - бесплатно (без седиште).
  • Резервација за закажување на термин за враќање(туристичка такса) - 2 € од особа-(задолжително) - за целиот престој.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа.
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, се напуштаат собите во 08:00 часот, а се добиваат околу 12:00 часот.
  • Прочистување на собите секојдневно,промена на крпи на 3 дена,промена на постелнина на 5 дена.

Автобуски превоз Бургас-Поморие-Несебар-Сончев Брег, поаѓање јули непарни дати, поаѓање август парни дати- 2024

Поаѓање од Сончев Брег:   12:30 по МК време / 13:30 по БГ. време (на автобуската постројка кај Хотел Кубан)

Контактирајте нѐ

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.