Хотел "Риор" - Сончев Брег

Хотел “Риор” 3* се наоѓа  во централниот дел на Сончев Брег, на 100 м.од Хотел Кубан и 300 м.од плажа. Хотелот (комплексот) располага со 1/2, 1/3, 2+2 студиа, АПП 1/4 , 1/5 со мини кујни, биро, телевизор со сателитска програма, мини бар, телефон, wc, бања, фрижидер, бесплатна клима, интернет (wi-fi), балкон со масичка и столчиња, мал базен со бесплатни лежалки. Во самиот хотел има сопствен ресторан кој на гостите им нуди одлични специјалитети, за време на викенди во ресторанот нуди забава со локални групи во живо.

НАПОМЕНА

  • Цените  се дадени по особа, по ден на база нокевање со појадок (ВВ) или нокевање со појадок и вечера(НВ) без вклучен превоз.
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот  капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет на развлекување.
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Превоз од Кавадарци / Неготино / Велес / Овче Поле / Штип /.
  • Превоз од Струмица / Радовиш / Штип /.
  • Превоз од Штип / Кочани / Виница / Мак.Каменица / Делчево /.
  • Превоз од Скопје/ Куманово / Штип /.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • Доплата за превоз повратен билет - 60 € за возрасни / 50 € за деца  до 12 год. Деца до 2 год - бесплатно (без седиште).
  • Доплата за превоз билет во еден правец - 50 € за возрасни / 40 € за деца  до 12 год. Деца до 2 год - бесплатно (без седиште).
  • Резервација за закажување на термин за враќање(туристичка такса) - 2 € од особа-(задолжително) - за целиот престој.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа.
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, се напуштаат собите во 08:00 часот, а се примаат после 14:00 часот по локално време.

Автобуски превоз Бургас-Поморие-Несебар-Сончев Брег, поаѓање јули непарни дати, поаѓање август парни дати- 2024

Поаѓање од Сончев Брег:   12:30 по МК време / 13:30 по БГ. време (на автобуската постројка кај Хотел Кубан)

Контактирајте нѐ

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.