МАНАСТИР ТУМАНЕ
Понудата заврши
Overview
ДАТА НА ПАТУВАЊЕ: САБ 15-Јун-2024 – НЕД 16-Јуни-2024
ДЕН 1 – 15.06.2024
► Се поаѓа во 01:00 часот од Штип. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во раните утрински часови во Белград. Посета на Белград, разглед на градот со посета на Калемегдан, прошетка низ улицата Кнез Михајлова, слободно време. Заминуваме кон Сребрено езеро. Сребрено езеро е вештачко езеро на десниот брег на реката Дунав. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка покрај езерото. Ноќевање.
ДЕН 2 – 16.06.2024
► Одјавување од апартманите. Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Свечена програма по повод преслекувањето на Светецот Зосим Тумански, разни изведувачи, дегустации и делење на дел од облеката на Светителот. Во попладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Штип во вечерните часови.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Во случај на недоволен број на пријавени патници-најмалку 45 патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
- За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
За овој аранжман важат Општите услови на патувањето на Т.А.Црво Експрес-Штип.