8 ми март во Будимпешта (+Белград)
-факултатива-(крстарење по Дунав+Сент Андра+Тропикариум)-
Цена:6.138 мкд.-(99 €)
-промотивна цена за цело време на пријавување-
Опис
06.03.2025. Поаѓање во 16.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
07.03.2025. Пристигнување во Будимпешта во утринските часови, разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа-Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др, Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел. Слободно време. Крстарење со брод по Дунав(факултативно). Ноќевање.
08.03.2025. Појадок. По појадокот факултативно посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Враќање во Будимпешта. Посета на шопинг центар Тропикариум (факултативно) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни, аквариум со ајкули и разен морски свет, чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна, слободно време.
Вракање во хотел. Ноќевање.
09.03.2025. Појадок. По појадокот враќање за Македонија, попатна пауза во Белград, прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, слободно време, возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-автобуски превоз на дадената релација
-сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
– https://www.hotelberlin.hu/
-разгледување на Будимпешта со локален стручен водич
-лиценциран придружник на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-здравствено патничко осигурување
-посета на Сент Андреа, разглед со водич+ посета на Тропикариум(влезница)-35 евра
-крстарење по Дунав со водич-25 евра
-туристичка такса за сместување во Будимпешта (2,50 € по ден по особа=5 € )-задолжително
-влезници за културно историските споменици
Напомена:Рок на пријавување до 01.03.2025 година.
Патниците кои нема да одат во Сент Андреа и Тропикариумот остануваат слободни во хотелот и Туристичката агенција нема одговорност кон нив.
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на т.А.Црво Експрес.