Божиќен базар во Загреб
– факултатива-(Божиќно село Салајланд во Чазма)
– факултатива-(Љубљана)
Цена:8.990 мкд.
Опис
06.12.2024. Поаѓање во 16.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
07.12.2024. Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Факултативен излет во најпознатото Божиќно село Салајланд во Чазма (вклучена влезница), божикна приказна започната во 2001 година од фамилијата Салај, слободно време за уживање во убавините и празничната магија. Враќање во хотел. Ноќевање.
08.12.2024. Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во Божикниот базар во Загреб, празничната магија на градот, голем број на тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Враќање во хотел. Ноќевање.
09.12.2024. Појадок. Посета на шопинг центар “Arena Centar”, слободно време за индивидуални активности. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-автобуски превоз на дадената релација
-сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Загреб–https://hotel-novi-zagreb.hr/
-разгледување на Загреб со локален стручен водич
-посета на Божикен базар во Загреб
-лиценциран придружник на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-здравствено патничко осигурување
-посета на Љубљана со водич-35 евра
-посета на Божикното село Салајланд(вклучена влезница) -15 евра
-туристичка такса за сместување во Загреб (2,50 € по ден по особа=5 € )-задолжително
-влезници за културно историските споменици
Напомена:Рок на пријавување до 03.12.2024 година.
Патниците кои нема да одат во Љубљана остануваат слободни во хотелот и на договорено време во попладневните часови се земаат од хотелот за посета на центарот и Божикниот базар
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на т.А.Црво Експрес.