Букурешт и Крајова (Божиќни базари)
+ гратис посета на Божиќниот базар во Софија
Цена на аранжманот: 7.750 денари (125 €)
Опис
Програма на патувањето
1. ден | Четврток, 17.12.2026
Поаѓање кон Романија преку Бугарија. Патување со попатни одмори, со дневно и ноќно возење.
2. ден | Петок, 18.12.2026
Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Организиран разглед на градот со водич, без доплата: Палатата на Парламентот (со време за фотографирање), Плоштадот на Револуцијата со Кралската палата, Романскиот атенеум, Националниот музеј на уметноста и црквата Кречулеску, како и историската авенија Calea Victoriei (Авенија на победата), оформена во 1692 година.
Заминување кон хотелот, сместување и слободно време. Можност за факултативна посета на Терме Букурешт – термален комплекс со базени, сауни, парни бањи, водни лизгалки и ботаничка градина. Патниците што нема да учествуваат во факултативната посета имаат слободно време во хотелот. Ноќевање.
3. ден | Сабота, 19.12.2026
Појадок. Можност за факултативна посета на трговскиот центар „Електропутере“ (околу 2 часа) и слободно време за шопинг. Потоа следува патување кон Крајова и посета на Божиќниот базар на централниот плоштад „Михај Витјазул“, со празнични украси, осветлени штандови и пригодна програма. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот во Букурешт во доцните часови. Ноќевање.
4. ден | Недела, 20.12.2026
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Бугарија и гратис посета на Божиќниот базар во Софија (околу 2 часа), со слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија околу 15:00 часот. Пристигнување во Македонија.
Во цената е вклучено
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Две ноќевања со појадок во хотел во околината на Букурешт.
- Организиран разглед на Букурешт со водич, без доплата.
- Лиценциран придружник на групата.
Во цената не е вклучено
- Здравствено патничко осигурување.
- Факултативна посета на Терме Букурешт (влезница и превоз): 35 €.
- Факултативна посета на трговскиот центар „Електропутере“ и Божиќниот базар во Крајова: 30 €.
- Туристичка такса за сместување во Романија: 5 € по лице на ден, вкупно 10 € (задолжително).
- Влезници за културно-историски знаменитости.
Важни информации
Рок за пријавување: 12.12.2026 година.
Минимален број патници: 40 патници за реализација на аранжманот и 25 патници за реализација на факултативните посети.
Услови за патување: Важат Општите услови за патување на ТА „Црво Експрес“.





