Дочек на Новата 2027 во Будва (3 ноќевања)

31.12.2026 – 02.01.2027

(факултатива=Дубровник+Котор+(забава со Дино Мерлин или Јаков Јожиновиќ))

Цена: 145 €- 8.990-(хотел Aqua Doria 3*)

Опис

31.12.2026-дочек на Новата 2027 година –со популарниот ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК

01.01.2027-забава во БАР – со популарниот Дино Мерлин-(факултатива)

01.01.2027-забава во ТИВАТ – со популарниот Јаков Јожиновиќ-(факултатива)

02.01.2027-забава на плоштадот во Будва – со познати звезди

 

30.12.2026. (среда) Поаѓање во 23.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку  Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

 

31.12.2026. (четврток) Пристигнување во Будва. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера, пропратени со разни звуци во стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално). Смесување во хотел. Вечерта  предвидена  забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) –  дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање.

 

01.01.2027. (петок) Заминување за факултативно  излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од  Дубровник, можност за уживање на  прекрасната панорама во Старата Тврдина на Дубровник. Вракање кон Будва. Забава на плоштад  (индивидуално)-во Будва. Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН. Забава во ТИВАТ (факултатива) –со познатата звезда Јаков Јожиновик. Ноќевање.

 

02.01.2027. (сабота) Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, прошетка низ стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици, катердалата Св.Трифун, познатите цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва. Забава  (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.

 

03.01.2027. (недела) Напуштање на хотелот. Поаѓање кон Македонија во 10.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување на база 3 ноќевања  во хотел 3* Aqua Doria во Будва

-https://www.aquadoria.me/en,

-организација и водство на патувањето

 

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување

-туристичка такса хотелска(задолжително)-5 евра од  ден=15 евра

-целодневен излет до Дубровник -30 €

-факултатива за 01.01.2027  Бар, забава со Дино Мерлин=15 €-(одлична забава-наша препорака)

-факултатива за 01.01.2027  ТИВАТ, забава со Јаков Јожиновик=10 €-(одлична забава)

-излет и посета на Котор-20 €

-влезници за културно историските споменици

 

 

Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2026 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

Важноста на патната исправа е лична обврска.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.

 

Среќни празници и среќна Нова 2027 година Ви посакува Т.А.ЦРВО ЕКСПРЕС-Штип.