11 OКТОМВИР ВО ИТАЛИЈА

Венеција, Верона, Сирмионе, Лаго Ди Гарда, Трст
(10.10.2024 – 14.10.2024) ​

Цена: 7.750 мкд.

Опис

10.10.2024 (четврток) – Штип -Венеција Поаѓање на групата од Штип пред нова пошта во 14:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

11.10.2024 (петок) – Венеција – Лидо Ди Јесоло Пристигнување во Венеција. Факултативна посета на Венеција-(доколку некој од патниците не ја користи оваа посета ќе мора да ја чека групата на договорено место и време). Поаѓање со брод за Венеција. Пристигнување и разглед на градот со водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде. Сместување во хотел во Лидо Dи Јесоло, познато летувалиште во близина на Венеција. Ноќевање.

12.10.2024 (сабота) – Лидо Ди Јесоло – Верона – Сирмионе со езерото Лаго Ди Гарда Појадок. Факултативна посета за Верона, разглед на градот со водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, куќата на Јулија… Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Поаѓање према градот Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

13.10.2024 (недела) -Трст – Autlet centar Појадок. Напуштање на хотелот. Индивидуална кратка пауза во Трст. Пауза за шопинг Autlet centar, слободно време. Патуваме кон Македонија.

14.10.2024 (понеделник) Пристигнување во Штип. ​

ВО ЦЕНАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИВЕ УСЛУГИ:​
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо ди Јесоло
– Разглед на Трст, индивидуална пауза во Autlet centar
– Организација и водство на патување (пратител на групата)

ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИВЕ УСЛУГИ:​
– посета на Венеција 25€ – (превоз, брод, разглед, водич)
– посета на Верона со Сирмионе, езерото Лаго Ди Гарда 35€ – (превоз, разглед , водич)
– хотелска туристичка такса 2,50€ од ден – (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
– влезници за посета на локалитетите
– задолжително здравствено и патничко осигурување ​

НАПОМЕНА – ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – (ВЕНЕЦИЈА + ВЕРОНА + СИРМИОНЕ (ЛАГО ДИ ГАРДА) – СО ПОПУСТ 55€​

НАПОМЕНА:​
Рок на пријавување до 04.10.2024 година. За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

ДОПЛАТИ:​
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус (согласно слободните места во моментот на резервација) – 20€ (по особа) со исклучок на првиот ден резервиран за персонал
– Доплата за дополнително седиште во автобус – 75€

ПОАЃАЊЕ ОД:​
– Штип во 14:00 – кај Нова пошта (стадион)
– Велес во 14:30 – на кружен кај бензинска Макпетрол
– Скопје во 15:15 – кај Хотел Континентал (постројка)
– Струмица во 12:30 – на бензинска Макпетрол( кружен)
– Радовиш во 12:50 – на бензинска Лукоил
– Кочани во 13.15- кај Судот

ОПШТИ НАПОМЕНИ:​
– Организатор на аранжманот е ТА.Црво Експрес од Штип;
– Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
– Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот;
– Цените на аранжманот се дадени во денари за наплата во евра курс 1 евро = 62 мкд;
– За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
– За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена од истек на самиот;
– Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
– Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
– Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој аражман важи општите услуги на патување на T.A.Crvo Express – Штип​