Карневал во Венеција (12.02.2026-16.02.2026)

(гратис разглед на Верона) – (+ Милано,Сирмионе, Лаго Ди Гарда, Венеција)

-поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово

-поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)

 

Цена:  125 7.750 мкд.

Опис

12.02.2026 (четврток) – Верона

► Поаѓање на групата пред Нова Пошта во 14:00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

13.02.2026 (петок) – Верона

► Пристигнување во Верона, посета и разглед на градот (гратис – без доплата) со лиценциран водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената, куќата на Јулија…
Слободно време за прошетка низ центарот. Сместување во хотел. Ноќевање.

14.02.2026 (сабота) – Верона – Милано – Сирмионе – Верона

► Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Милано со лиценциран водич – град познат по европската мода. Прошетка по Миланската Скала, Катедралата, Галеријата Виторио Емануеле, слободно време за индивидуални активности.
► Потоа заминување кон Сирмионе. Кратка пауза во живописниот град сместен на полуостров кој навлегува во езерото Лаго ди Гарда. Познат е по тврдината Сцалигера, тесните улици и живописните куќички.
Враќање во хотел во Верона. Ноќевање.

15.02.2026 (недела) – Венеција

► Појадок. Напуштање на хотелот. Пристигнување во Венеција.
Факултативна посета на Венеција (патниците кои не ја користат оваа опција остануваат во Лидо ди Јесоло).
► Патување со брод до Венеција и разглед со водич: плоштад и црква Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде.
► Потоа посета на Designer Outlet Noventa di Piave – слободно време за шопинг.
Патување кон Македонија.

16.02.2026 (понеделник) – Штип

► Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Верона

  • Разглед на Верона со лиценциран водич (гратис – без доплата)

Организација и водство на патувањето (пратител на групата)

ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА

  • Посета на Венеција – 45 € (превоз, брод, разглед, водич, туристичка такса)

  • Посета на Милано + Сирмионе + Лаго ди Гарда – 35 € (превоз, разглед, водич)

  • Хотелска туристичка такса – 5 € по ден × 2 = 10 € (задолжително)

  • Влезници за локалитети

Задолжително здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНИ

  • Рок за пријавување: 01.02.2026

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници

За реализација на факултативните посети потребни се минимум 25 патници

Посебни напомени:

  • Патниците кои нема да одат во Милано, Сирмионе и Лаго ди Гарда остануваат слободни во хотелот – агенцијата нема одговорност за нив.

  • Патниците кои нема да одат во Венеција остануваат слободни во Лидо ди Јесоло – агенцијата нема одговорност за нив.