Најпопуларниот КАРНЕВАЛ во Венеција (04.02.2027-07.02.2027)
+ Верона, Сирмионе, Лаго Ди Гарда
-поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово
-поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)
Цена: 125 € ——7.750 мкд.
Опис
04.02.2027 (четврток) – Штип – Венеција
► Поаѓање на групата од Штип во 14:00 часот, а од Скопје во 14:55 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
05.02.2027 (петок) – Венеција – Лидо ди Јесоло
► Пристигнување во Венеција. Факултативна посета на Карневалот во Венеција, еден од најпознатите и најпосетуваните карневали во светот, препознатлив по раскошните маски, костими и уникатната атмосфера.
► Патување со брод до Венеција и разглед на градот со туристички водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто и Каналот Гранде.
► Слободно време за индивидуални активности и уживање во карневалската атмосфера.
Патниците кои нема да ја користат факултативната посета ја чекаат групата на однапред договорено место и време.
Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло, познато туристичко летувалиште во близина на Венеција. Ноќевање.
06.02.2027 (сабота) – Лидо ди Јесоло – Верона – Сирмионе – Лаго ди Гарда
► Појадок. Поаѓање на факултативна посета на Верона, познатиот град на Ромео и Јулија.
► Разглед на Верона со туристички водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената и куќата на Јулија. Влезот во дворот на куќата на Јулија се наплаќа 5 €, со задолжителна индивидуална онлајн резервација.
► Слободно време за прошетка низ центарот на градот.
► Потоа заминување кон Сирмионе, живописен град сместен на полуостров кој навлегува во езерото Лаго ди Гарда. Градот е познат по средновековната тврдина Скалиѓери, тесните улички, шармантните куќи и традиционалното италијанско џелато.
► Кратка пауза за прошетка и индивидуални активности.
Патниците кои нема да ја користат факултативната посета остануваат слободни во хотелот.
Враќање во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
07.02.2027 (недела) – Аутлет центар – Македонија
► Појадок. Напуштање на хотелот.
► Посета на аутлет центар со слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Патување кон Македонија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
08.02.2027 (понеделник) – Штип
► Пристигнување во Штип во претпладневните часови.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
-
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
-
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо ди Јесоло
-
Пауза за шопинг во аутлет центар
-
Организација и водство на патувањето (пратител на групата)
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
-
Посета на Венеција и Карневалот – 45 € (превоз, брод, разглед, туристички водич и туристичка такса)
-
Посета на Верона, Сирмионе и Лаго ди Гарда – 35 € (превоз, разглед и туристички водич)
-
Хотелска туристичка такса – 5 € по ден × 2 = 10 € (задолжително)
-
Влезници за локалитети
-
Задолжително здравствено и патничко осигурување
НАПОМЕНИ
-
Рок за пријавување: 29.01.2027
-
За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници.
-
За реализација на факултативните посети потребни се минимум 25 патници.
ПОСЕБНИ НАПОМЕНИ
-
Организатор на аранжманот е ТА Црво Експрес – Штип.
-
Резервацијата се врши со уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот.
-
Целосната уплата треба да се изврши најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
-
Цената во денари е пресметана по курс од 1 € = 62 денари.
-
Патниците треба да поседуваат валиден пасош, согласно условите за патување.
-
Организаторот го задржува правото на промена на цената во случај на промена на трошоците за превоз или сместување.
-
Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓањето.
-
Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните посети во случај на промена на влезниците и другите поврзани трошоци.
-
Разгледите не вклучуваат посета на внатрешноста на културни споменици, институции и други објекти, освен ако тоа не е посебно наведено.
-
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот и програмата на патувањето поради непредвидени објективни околности.
-
За аранжманот важат општите услови за патување на ТА Црво Експрес – Штип.






