1ви мај во Љубљана (+ Постојна + Палма Нова + Кланфурт + езеро Блед)

(-гратис разглед на Љубљана и разглед на Белград+слободно време-)

Цена: 11.470 мкд.-(185 €)

Опис

30.04.2025. Поаѓање во 18.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку  Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

 

01.05.2025. Пристигнување во Љубљана. Разгледување на градот со водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

02.05.2025. Појадок. (Патниците кои нема да одат на оваа факултатива остануваат во хотел и не се обврска на агенцијата). Заминување на факултативен разглед на една од најубавите пештери Постојнска јама, разглед, слободно време. Заминуваме на шопин во Италија-шопинг центарот Палма Нова, слободно време индивидуално. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

03.05.2025. Појадок. Заминување на факултативен разглед и посета и разглед на градот Клагенфурт – Австриа, (патниците кои нема да одат на оваа факултатива остануваат во хотел и не се обврска на агенцијата). Градот Клагенфурт, главниот град на австриската држава Корушка,  шармантен град познат по својата ренесансна архитектура, живописен амбиент покрај езерото и жив културен живот. За оние кои размислуваат за работи во Клагенфурт, посетата на Минимундус, минијатурен парк со модели на познати градби од целиот свет и истражување на историскиот Стар град со прекрасно реставрираните згради и иконата Змејска фонтана, се суштински искуства. Слободно време за индивидуални активности. Заминување на разглед на езерото Блед. Разглед и уживање во прекрасното езеро и панорамата, бисерот на Словенските Алпи,. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

04.05.2025. Напуштање на хотелот. Патуваме кон Белград, разглед на градот Калемегдан, улицата Кнез Михајлова, слободно време за индивидуални активности околу 2 часа. Поаѓање кон Македонија. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел со 3*на база 3 ноќевања со појадок во околината на Љубљана

-разглед на Љубљана со локален стручен водич

-разглед на Белград

-лиценциран придружник на групата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување

-посета и влезница за Постојна со водич (+ посета на Палма Нова)-45 евра

-посета на езерото Блед, посета со водич на градот Клагефурт-35 евра

-туристичка такса хотелска (задолжително)-3,33 евра од  ден=10 евра

-влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 25.04.2025 година.

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на T.А.Црво Експрес.