Велигден во Будимпешта (+Белград)
–(гратис разглед на Будимпешта)-без доплата
–(гратис слободно време во Белград)-без доплата
-факултатива-(крстарење по Дунав+Сент Андра+Тропикариум+Виена)-
Цена:10.480 мкд.-(169 €)
Опис
09.04.2026. Поаѓање во 16.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
10.04.2026. Пристигнување во Будимпешта во утринските часови, разгледување на Будимпешта со туристички водич (гратис од агенцијата без доплата) и тоа-Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др, Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел. Слободно време. Крстарење со брод по Дунав(факултативно). Ноќевање.
11.04.2026. Појадок. По појадокот (доколку некој од патниците не ја користи оваа посета останува во хотел и не е обврска на агенцијата) посета и разглед на Виена, разглед на градот со туристички водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворецот Белведере, Виенската опера, катердалата Св.Стефан, шарената куќа Хундервасер… Слободно време за прошетка низ центарот на Виена. Факултативно посета и слободно време во популарниот шопинг центарот Outlet Parndorf, со големи попусти за Велигден, индивидуално слободно време. Вракање во хотел. Ноќевање.
12.04.2026. Појадок. По појадокот (доколку некој од патниците не ја користи оваа посета останува во хотел и нее обврска на агенцијата) посета на шопинг центар Тропикариум (факултативно) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни, аквариум со ајкули и разен морски свет, чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна, слободно време. факултативно посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири, слобоно време. Враќање во Будимпешта. Вракање во хотел. Ноќевање.
13.04.2026. Појадок. По појадокот враќање за Македонија, попатна пауза во Белград (гратис од агенцијата без доплата) прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, слободно време, возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија.
-поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово
-поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата + 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)
Во цената на аранжманот е вклучено:
-автобуски превоз на дадената релација
-сместување во хотел со 3*на база 3 ноќевања со појадок во Будимпешта
– https://www.hotelberlin.hu/
-разгледување на Будимпешта со туристички водич
-посета и слободно време во Белград-гратис без доплата
-лиценциран придружник на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-здравствено патничко осигурување
-посета на Сент Андреа, разглед со водич+ посета на Тропикариум(влезница)-35 евра
-крстарење по Дунав со водич-25 евра
-посета на Виена, разглед со водич+слободно време во шопинг центарот Пандорф-45 евра
-туристичка такса за сместување во Будимпешта (5 € по ден-по особа= 15 € )-задолжително
-влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 31.03.2026 година.
Патниците кои нема да одат во Сент Андреа и Тропикариумот или Виена остануваат слободни во хотелот и Туристичката агенција нема одговорност кон нив.
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.









