Државјани на земји што не се во ЕУ: според Прописот 610/2013 на ЕУ, државјанин на друга земја дојден за краток престој треба да има во себе важечки документ за преминување граница на име на носителот и ги задоволува следниве критериуми: Важноста му е подолга од најмалку три месеци по планираниот датум на заминување од територијата на земјите членки на ЕУ; Издаден е во претходните десет години.
Општи услови за патување
Општи услови за патување
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на "виша сила", која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот , или слично).
2. Пријави и уплати:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријавите можат да се извршат во агенциите на Црво Експрес и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При најавувањето, патникот потпишува пријава - договор со изјава - Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови за патување, и дека во целост ги прифаќам, со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.
3. Цена на аранжманот:
Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.
4. Категоризација и опис на услугите:
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква усмена или писмена информација која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.
5. Измени во програмата и право на отказ на аранжманот:
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кој не можеле да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефондација на износот за нереализираните услуги. Во ретките случаи кога нема можности за сметање во резервираниот објект, поради технички причини или "овербоокинг" од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смени патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на не доволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжаман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказ најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да ги им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.
6. Откажување од патувањето:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да се направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресмета или наплата од казните трошоци ( во однос на основната цена на аранжманот ), според следната скала:;
- за отказ до 30 дена пред патувањето се намалува 5%,
- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 15%,
- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25%,
- за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%,
- за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%.
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.
Во случај на отказ на веќе потврдена "резервација на упит", организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потвденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци од 10, - евра, по пријава - договор.
Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кој не можел да ги предвиди, избегне или отстрани ( болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обврска и сл.), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ѓи наплаќа од казните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжанот.
Доколку патникот се откажува од субјектини - лични причини на страв и несигурност, настанати под влијание на " виша сила ", (тероризам, епидемии или елементарни непогоди во регионите на патување), а истите причини - објективно, не му даваат можност на организаторот да се откаже од аранжманот, побарувањата на патникот за рефондација на уплатените средства, рефондација на средства за нереализирани услуги или средства за други трошоци кои произлегле поради промени во аранжманот, треба да ѓи побарува исклучително од осигурителната компанија кај која организаторот има направено полиса за осигурување од одговорност. Во тој контекст организаторот ќе биде спремен, на патникот да му ги обезбеди сите потребни документи кои би му биле потребни при донесување на барањето од Осигурителната компанија.
7. Обврски на организаторот на патувањето:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патникот согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одгова според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско - конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на станска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во оиве случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
8. Обврски на патникот:
Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предивидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред на угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
9.Превоз:
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација, во согласност со пропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет - во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за чекинг, во вообичаеното време - час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз ( за истите може да се обрати во агенцијата ). При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај претставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници, песоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон станиците на поаѓање или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.
10. Багаж:
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг. на чартер летовите и 20 кг на редовните автобуски линии. Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг.) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобус, немаат право на бесплатен багаж. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средста, орижје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај Осигурителна компанија. Организаторот не одговара за уништениот или изгубен багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотел ( Ви препорачуваме наем на сеф на рецепција ).
11. Здравстени прописи и заштита:
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравстена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа Ви препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во нашата туристичка агенција бидејки сме претставници ние.
12. Сместување во соби и апартмани:
Доколку патникот - закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентална соба, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).
13.Решавање на приговори:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.
Постапка за поднесување приготор:
- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламација кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
- Ако причината за рекламација не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда ( записник ).
- Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда ( записникот ) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. -Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
- Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
- Додедека организаторот не донесе решение по приговор, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми.
- Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на "идеална штета".
14. Нарушување на постапка за решавање на приговори:
Во контекст на точката 13 и пропишаната постапка за поднесување и решавање на приговор, евентуалното непридржување на купувачот - патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, во петата ставка од истата, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
15. Надлежност на судот:
Во согласност со точка 13. од овие услови за патување на Т.А.Црво Експрес купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето, Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на АТАМ или од страна на надлежниот Суд во Штип.