Историја за постоењето !
Туристичката Агенција "Црво Експрес" е една од најстарите туристички агенции во Македонија.
Туристичка агенција со долгогодишно работно професионално, успешно и признато искуство.Со работа се занимаваме уште од далечната 1992 година, а со сопствено претставништво од 1998 година. Формирана е во градот Штип, Р.С.Македонија.
ВРАБОТЕНИ:
Со постојан број на вработени од 18 луѓе, како и променлив број на вработени во зависност од периодот на година со околу +20 возачи на автобуси.
Лиценца „А“
Туристичката Агенција располага со Лиценца "А" која овозможува:
- вршење на линиски превоз во внатрешниот патен сообраќај;
- вршење на слободен превоз во внатрешниот патен сообраќај;
- вршење на линиски превоз во меѓународниот патен сообраќај;
- вршење на слободен превоз во меѓународниот патен сообраќај;
СЕРВИС:
Сопствен сервис за автобуси, минибуси - кој е лоциран во населба Баби на излезот од Штип каде редовно и професионално се одржува целиот возен парк. Нивно сервисирање, детални проверки, одржување на хигиена
Од 2022 година во нашиот сопствен сервис започна процес на производство на нови високотуристички патнички минибуси со најлуксузна опрема и софистициран начин на производство, каде се работи по принцип на продажба на више спремни возила или по нарачка на клиентот.
СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ:
Туристичка агенција Црво Експрес е прва во Македонија која започна активно рекламирање на специфичен и занимлив начин на социјалните медиуми со што стана препознатлив бренд и во државата и регионот со своите видео реклами и промоции за различни патувања. Првото такво појавување се случи 05.12.2019 година каде редовно се креираат нови интересни содржини за Инстаграм, Фејсбук, ТикТок и Јутуб со илјадници прегледи.
БРЕНД:
Заштитено лого во сопственост на Туристичка агенција Црво Експрес според решение од Државен завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија по пријава на трговска марка ТМ 2022/1144 од 28.12.2022 година, каде го истакнавме нашето лого, назив и бренд како уникатен и единствен на пазарот со цел заштита и поголема промоција.
СЕРТИФИКАТИ:
Црво Експрес како туристичка агенција располага со сертификати за професионална компетентност во патниот сообраќај која ја поседува управителот, како и сертификати за проефесионална компетентност во патниот сообраќај која ја имаат сите вработени во агенцијата.
ПРЕВОЗ:
Располагаме со голем број на автобуси, минибуси и комбиња каде сите наши патувања ги реализираме со сопствени превозни средства со што не прави уникатни и ретки во креирањето на туристички понуди како и реализација на истити со 100% покриеност на сопственост на нашата туристичка агенција.
Возилата се изнајмуваат и за било какви пригоди, потреби за патувања како свадба, саеми, семинари, летувања, зимувања итн.
БЛАГОДАРНИЦИ И ПРИЗНАНИЈА !
Туристичката агенција за време на своето долгогодишно работно искуство има стекнато голем број на благодарници и признанија од областа на туризмот. Овде се наброени само неколку: