8 ми март 2027 во Полска, Краков

-гратис разглед на Краков-(без доплата)

Цена: 161 € или 9.990 мкд.

Опис

1 ден. 04.03.2027. Поаѓање во 10.00 часот пред  Нова пошта во Штип, поаѓање од Скопје во 10.55 часот кај хотел Континентал, постојка пред хотел, патуваме преку Србија, ноќно возење со попатни одмори.

 

2 ден. 05.03.2027. Пристигнување во КРАКОВ во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со туристички водич – (гратис од агенцијата без доплата). Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, (vo dvorot), изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден. 06.03.2027. Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, (патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат слободни и не се обврска на aгенцијата), еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESKO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

4 ден. 07.03.2027. Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) (патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат слободни и не се обврска на aгенцијата). Iмпресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден. 08.03.2027. Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел со 3*  во околината на Краков 2 ноќевања со појадок

-разглед на Краков  со туристички водич-гратис од агенцијата(без доплата)

-лиценциран придружник на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување-300 мкд.

-факултативна посета на Auschwitz-Birkenau – 40 евра

-факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka – 40 евра

-хотелска туристичка такса  5  евра од  ден  = 10  евра-(задолжително)

-влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до    26.02.2027 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.