Врњачка Бања-Манастир Жича-Краљево

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.550 мкд

Опис

1.ДЕН – 24.05.2026

Се поаѓа во  04:00 часот од  Штип. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.

Пристигнување во Врњачка Бања. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… Сместување во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација. Ноќевање.

2.ДЕН – 25.05.2026

 Појадок. Посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија., пауза во Краљево, слободно време за индивидуални активности,

 Поаѓање за Штип во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Штип во вечерните часови.

 

Во цената е вклучено:

* Превоз на наведената релација

* 1 ноќевање со појадок во Врњачка бања хотел 4*, http://www.hotelkralj.rs/

* Пратител на групата за време на целото патување

*посета на Манстир Жича, посета на Краљево

Во цената не е вклучено:

* туристичка хотелска такса – 5 €-доплата во автобус

* Патничко осигурување

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници-најмалку 25 патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална оштета.