Велигден во РИМ

08.04-13.04.2026

Цена: 22.940 мкд. – (370 евра)

(можност за плаќање на рати, задолжително аванс од 6000 мкд. на денот на резервацијата)

 

-поаѓање од Штип. Велес, Скопје, Куманово

-поаѓање од Струмица, Радовиш, Кочани – (доплата 300 мкд.-за група повеќе од 8 лица)

(гратис разглед на Рим и уникатното градче Алберобело-без доплата)

                      -(факултатива Ватикан, Тиволи)-

Опис

08.04.2026 (среда) – Штип-Драч-Бари

►Поаѓање на групата од Штип во 11.00 часот. Патуваме од  Драч до Бари. Паузи за одмор, царински формалности. Пристигнување на пристаниште. Ноќно патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Ноќно возење.

09.04.2026 (четврток) – Бари-Алберобело-Рим

►Пристигнување во Бари. Патуваме кон уникатното градче Алберобело-(гратис разглед без доплата), со околу 1000 ,, trullo‘’ куќички. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање кон Рим, сместување во хотел. Ноќевање.

10.04.2026 (петок) – Рим

►Појадок. Панорамско разгледување на градот со туристички водич- (гратис без доплата)-(патуваме со Метро-платен билет)- Антички Рим: Колосеумот, Римски Форум, Форум на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција и Плоштадот Кампидоглио, Фонтана Ди Треви, Плоштадот Колона. Враќање во хотел. Ноќевање.

11.04.2026 (сабота) – Рим-Ватикан

►Појадок. Факултативна посета на Ватикан со туристички водичи-(патуваме со Метро-платен билет)-  (патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат слободни и не се обврска на генцијата), разглед со водич на Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, катедралата Св.Петар. Индивидуално прошетка низ центарот на Рим. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

12.04.2026 (недела) – Рим-Тиволи

►Појадок. По појадокот, во раните утрински часови  патуваме кон Тиволи,(патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат во градчето Тиволи да ја чекаат групата да завршат со предвидениот разглед)-факултативна посета на Тиволи и прекрасните илјада фонтани. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување на пристаниште. Ноќно патување со фериброд.

13.04.2026 (понеделник) -Штип
►Пристигнување во Драч. Пристигнување на пристаниште.  Патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Пауза за царински формалности. Продолжуваме кон Македонија. Пристигнување.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • карта за брод Драч-Бари-Драч во удобни седишта-(доплата за кабина 40 евра во еден правец)
  • 3 ноќевање со појадок во хотел 3* во околината на Рим
  • Разглед на Рим со туристички водич
  • посета на Алберобело-гратис од агенцијата-без доплата
  • карта за Метро два дена
  • Организација и водство на патување (пратител на групата)

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • хотелска туристичка такса 5 евра од  ден (5 х 3 дена = 15  евра)-(задолжително)
  • посета на Ватикан 70 евра (превоз, влезница со најава без чекање ред неколку часа, водич,)
  • посета на Тиволи-(превоз,влезница,водич)-35 евра
  •  влезници за посета на локалитетите-индивидуално
  •  Задолжително групно здравствено и патничко осигурување 300 мкд.-(наплата во агенција)

(ако патникот има осигурување треба да го носи зошто се бара за фериброд)

 

За овој аранжман важат Општите услови на Т.А.Црво Експрес-Штип.