Метеори-Трикала
Божиќно село - 2021

05.12.2021

Прoграма на патувањето:

05.11.2021 год.(недела). Поаѓање во утринските часови. Организиран превоз од Кочани, Штип. Пристигнување во Грција во утринските часови. Посета на Метеори – неверојатен комплекс од манастири. Манастирите се градени на самите врвови на камените столбови, кои се високи по неколку десетици метри и до кои може да се стигне единствено пешки. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир, и дел од тие служат како туристичка атракција. Овие манастири се многу популарни за туристите, а овде е сниман и дел од филм со Џејмс Бонд. Во договор со придружникот се упатуваме кон божиќното село – Трикала. Посетата на ова место ќе ви овозможи да влезете во новогодишната еуфорија со посебна маѓија. Прекрасните пекари, мирисот на слатки, мирисот на какао и чоколадни задоволства ќе ве следат на секој чекор по улиците. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и мнооогу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти… Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Слободно време за посета на домот на Дедо Мраз, куќата на бајките и волшебната шума, куќата на џуџињата, фабрика за чоколади…најголемиот божиќен парк. Новогодишна маѓија која Поаѓање кон Македонија околу 18 часот. На враќање посета на Free Shop и кратка пауза. Пристигнување околу полноќ.

Цена 1500 денари.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -влезница за Метеори

 

Напомена

  • -За реализација на овој аранжман, потребено е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • -Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • -За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • -Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • -Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • -Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • -Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • -Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на државите кои се наведени во програмата.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.