1.ДЕН 26.11.2022-сабота– Се поаѓа во 01:00 часот од Штип. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.
Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Во договорено време со водичот се упатуваме кон Голубац град каде се посетува Голубачката тврдина. Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав. По посетите се поаѓа за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко езеро на десниот брег на реката Дунав. Сместување. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи по брегот на Дунав. Посебен впечаток оставаат околните паркови и шуми, прекрасно уредениот простор, прекрасните викендички со посебен стил, а пред се убавината на самото езеро. Ноќевање.
2.ДЕН 27.11.2022 -недела – Одјавување од апартманите. Посета на Белград, разглед на градот со посета на Калемегдан, прошетка низ улицата Кнез Михајлова, слободно време. Патуваме кон Лесковац каде имаме слободно време за ручек, кафе, Во попладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Штип во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.