Будва-Острог 2023

07.04/09.04.2023
-плажа во Будва-Црна Гора
-посета на Манастирот Василије Острошки

Прoграма на патувањето:

07.04.2023. Поаѓање  во 21.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку  Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

08.04.2023. Пристигнување во Будва во утринските часови, пауза за фотографирање на прекрасната панорама на Будва и Св.Стефан. Слободно време  за прошетка низ стариот дел на градот и центарот, можност за индивидуално капење. Заминување за Манастирот Св.Василие Острошки, сместен на високо масивен карпест дел кое представува најголемо Црногорско светилиште а секако и најпосетуван манастир на Балканот (основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василије Острошќи се чудотворни а се наоѓаат во Горниот Манастир).  Вечерна служба во Горниот манастир во 17:00 часот(индивидуално). Сместување и ноќевање во манасирскиот двор(во манастирот се добиваат душек и кебиња) или во манстирските конаци (во Горниот или долниот манастир во повеќе креветни соби 8 или 10 кревети). Посетителите кои ќе ноќеваат во Долниот манастир  потребно е да се сместат до 21 часот  каде ќе преноќат. Ноќевање.

09.04.2023. Наутро  поаѓање кон Подгорица. Кратка пауза во центарот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија.

Цена: 2.450 денари. - за поаѓање од Штип

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -автобуски превоз на дадената релација
  • -сместување на база 1 ноќевање(по избор)
  • -посета на манастирот Св.Василије Острошки
  • -посета на Будва и Св.Стефан(панорамски)-капење
  • -посета на Подгорица
  • -организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -здравствено патничко осигурување(задолжително)-100 денари
  • -превоз од Долниот до Горниот Манастир Острошки-повратна 2 €
  • -ноќевање во долниот манастир во конаците(5 евра-се плаќа во конакот)
  • -туристичка такса за посета на Острошки(2 евра по лице-задолжително)

 

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.
Известување: може да се патува со валидна биометриска лична карта.


За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Црво Експрес.