Велигден во Венеција-2018

Верона,Постојнска Јама, Љубљана

Прoграма на патувањето:

05.04.2018 (четврток) - Штип-Венеција
Поаѓање на групата од Штип пред Нова Пошта во 15:00 ласот. Патувањето е преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

06.04.2018 (петок) - Венеција - Лидо Ди Јесоло
Пристигнување во Венеција. Сместување во хотел во Лидо Dи Јесоло, познато летувалиште во близина на Венеција.Поаѓање со брод за Венеција. Пристигнување и разглед на градот со локален стручен водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде.Враќање во хотел во Лидо Dи Јесоло. Ноќевање

07.04.2018 (сабота) - Лидо Ди Јесоло-Верона
Појадок. Факултативна посета за Верона,разглед на градот со локален стручен водич: плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори,Арената,куќата на Јулија...Слободно време за прошетка низ центарот на градот.Посета на шопинг центар,слободно време. Враќање во хотел во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

08.04.2018 (недела) - Постојнска - Љубљана
Појадок.Напуштање на хотелот.Кратка пауза за индивидуална прошетка во центарот на Трст. Факултативна посета на Постојска Јама,разглед со аудио водич. Продолжуваме кон Љубљана, разглед на градот индивидуално,слободно време. Ноќно патување.

09.04.2018 (Понеделник) - Штип
Патуваме кон Македонија. Пристигнување во Штип

Цена:6.660 денари.

Во цената се вклучени следниве услуги

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо ди Јесоло- https://www.hotelmiamijesolo.it/en/
  • Разгледи на Венеција, Верона со стручен водич
  • Организација и водство на патување (пратител на групата)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • посета на Венеција - 15 евра (превоз, брод, разглед, водич)
  • посета на Верона - 10 евра-(превоз, разглед ,водич)
  • посета на Постојнска Јама - 25 евра (превоз, влезница, аудио водич)
  • влезници за посета на локалитетите
  • здравствено и патничко осигурување(задолжително)-180 денари

 

Опис на хотелот:Хотел Миами 3* се наога на околу 200 метри од песочната плажа во Лидо Ди Јесоло,располага со модерни ,стандардни соби,отврен базен,бесплатни лежалки на плажа во летниот период,лоби бар,ресторани,сала за забави,бесплатно wi-fi.

 

Напомена:Рок на пријавување до 30.03.2018 година.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници,за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.

 

Важноста на патната исправа е лична обврска,важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на т.А.Црво Експрес